Македонија се развива полека, но се уште недостасуваат ИТ иновации

во ИТ.МК

Македонија напредуваше 10 места, и се наоѓа на 57-тото во новиот извештај за ИТ подготвеност на Светскиот економски форум во кој се оценети вкупно 148 земји. Според различните параметри, Македонија рангира подобро од некои свои балкански соседи, но не и од Хрватска, Словенија, Црна Гора и Турција, што се должи на пристапниот интернет и поврзаноста. Светскиот економски форум вели дека Македонија има добра инфраструктура, посебно за мобилни мрежи; цената на интернетот е пристапна и вештините на информатичарите се на добро ниво, што може да и помогне на владата да ја реализира добртаа визија за користењето на новите технологии во владеењето.

Но, тоа што недостасува во релативно позитивниот извештај е можеби и најважниот сегмент кој треба да се развие за Македонија да биде „земја на информатичари“ како што се промовираше. Проблемот е што македонските бизниси не можат да понудат ИТ иновации. Иако локалните компании користат интернет, што ја става земјата на 56-то место во тој сегмент, сепак „капацитетот за иновации“ ја става Македонија на далечно 94-то место, со вредност од 3,2 од вкупно седум. Погледнето според економското влијание, ИТ индустријата нема кој знае колкаво влијане врз новите сервиси и продукти, а бизнисите заостануваат и во користење на интернетот за да продаваат продукти и услуги на корисниците. Проблем можеби е тренингот на персоналот кој е оценет многу лошо, на 104-то место. Бизнисите не ги обучуваат своите вработени да ги користат новите технологија, поради што не изненадува ниту 90-тото место во користење на нови бизнис модели како виртуелни тимови и далечинско работење. На страна од патентите кои се скоро непостоечки, најмала оценка има прифаќањето на новите технологиии на ниво на компанија, што ја става земјата на 121-вото место од вкупно 148, со оценка од 4.0.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments