Сега може да ги замолчите досадните твитерџии со Mute копче

Иако логичниото решение против досадни твитерџии е да ги отследите, сепак Twitter верува дека тоа ќе доведе до незгодни ситуации, па воведе нова опција Mute која ќе ви помогне да ги „замолчите“ тие што се досадни. Mute е достапна на веб, iPhone и Android апликациите, со функцијата да ги сокрие сите пораки и ретвитови од корисниците кои ви се досадни или не ве интересираат.

Разликата од отследување или блокирање на досаден корисник е што Mute дозволува тој корисник да ви прати директна порака што е единствениот начин да се прати приватен твит на Twitter. Други причини за „замолчување“ наместо блокирање е што со Mute му укажувате почит кон пријателот и колегите, но не мора да ги читате нивните досадни твитови. Но, покрај индивидуалните твитерџии, опцијата става притисок врз брендовите кои ќе треба да бидат покреативни во свите твитови, посебно во промотивните твитови за кои плаќаат, доколку не сакаат во спротивно да бидат „замолчени“. Mute опцијата се активира преку менито за опции, каде треба да одберете mute @корисничко име.

Бидејќи Twitter ја ископира Mute опцијата од други апликации за твитање, може да се очекува наскоро да воведе Mute опција и за хаш-таговите, што е многу покорисна опција, пример, ако не сакате да гледате твитови за Game of Thrones за да не го дознаете крајот на епизодата, или пак да не читате фудбалски твитови од престојното Светско првенство.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments