Индискиот кандидат за премиер Нарендра Моди користи холограми за да може да стигне да им се обрати на 800-те милиони граѓани во најразличните делови од земјата. Оваа холограмска технологија крстена како „3Д холографски митинг“ му дозволува на г. Моди да присуствува на 100-тина настани истовремено, велат од неговата партија Baratiya Janta. Но, користењето на холограмите наиде на критики дека г. Моди троши непотребно пари, вкупно 10 милиони долари се потребни за технологијата, кои може да ги инвестира во подобрување на животните стандарди на своите граѓани.
Наместо да праќа видео пораки, со холограмите, г. Моди успева да симулира вистинско присуство на разните митинзи. Холограмот се остварува преку проектори над 12 метарските сцени кои рефлектираат видео на позадина што е направена од специјален транспарентен материјал, наменет за 3Д илузии, пишува Times of India. По примерите на г. Моди, пионeр меѓу политичарите кој до крајот на кампањата ќе се појави на 1.000 холограми, неодамна и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се појави на три-метарски холограм откако не успеа да стигне на настан.
[youtube]TF_LmujSteM[/youtube]