0 коментари 2 мин. читање 6 мај, 2014

Новата апликација на Tumblr сега има 3,3 милијарди уникатни дизајни

Tumblr од секогаш ги охрабрувал своите 180 милиони блогери да бидат креативини и слободни во изразувањето на својот блог, а сега ќе им дозволи да го направат тоа и преку новата мобилна апликација за Android и iOS. Сега блогерите можат да одберат од 3,3-те милијарди теми, бои, стилови и фонтови за да си ја персонализираат мобилната апликација, како што можат да прават и со десктоп верзијата, и да си го најдат својот „мобилен идентитет“.

„Има друштвени мрежи кои ја ограничуваат својата околина и не им дозволуваат на корисниците да се изразат слободно – тие се заглавени во универзален ‘cookie cutter’ дизајн. Но тука, можете да направите што сакате и според најоткачените идеи што вие ќе ги одберете, на било која платформа што ќе ја одберете“, вели креативниот директор на Tumblr, Питер Видани, за Mashable.

Tumblr вели дека потрошената година на усовршување на персонализацијата и можноста да се уредува и најмалиот детал во блоговите, се исплати за платформата бидејќи 50 отсто од посетите доаѓаат од мобилните уреди. Истовремено персонализацијата можеби го оправдува потегот на Yahoo да го купи Tumblr со цел да се покаже како „кул“ компанија пред помладите корисниците.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top