Eвропскиот суд за правда пресуди во корист на корисниците, кои сега го имаат правото да бидат заборавени на интернет. Судот му нареди на Google да им овозможи, по нивно барање, поголема приватност на индивидуалните граѓани со тоа што ќе избрише резултати во пребарувањето кои водат „застарени и нерелевантни“ кориснички информации. Оваа конкретна одлука се сднесува само на Google, но истовременот ќе послужи како пример за сите други интернет пребарувачи.
Случајот против Google е започнат уште во 2010-та година од шпанскиот граѓанин Марио Гонзалес кој сакаше да биде отстранет линк од оглас во весник, стар 16 години, во кој се вели дека продава земјите за да собере пари за долг. Г. Гонзалес се пожали дека поврзување на неговото име со тој текст преку пребарување на интернет, ја нарушува неговата приватност бидејќи текстот веќе е нерелевантен. Google одби да го проследи барањето на г. Гонзалес, по што шпанскиот суд го префрли случајот пред Европскиот суд.
И покрај спротиставувањета на Google дека секое блокирање на содржина е еднаквно на цензура, но сепак се чини дека корисниците ќе го добијат последниот збор. Google вели дека тие не ги контролираат податоците, што е точно, и дека тие информации се достапни за секого на интернет. Но, европското „право да бидеш заборавен“ вклучува и можност да се едитираат пребарувањата за заштита на личните податоци. Според правото, граѓаните можат да побараат од сите технолошки компании да им ги избришат податоците кои се онлајн, се додека не постои легитимна причина против таква одлука.
[youtube]9Xpk26bJ7FU[/youtube]
[…] во пребарувачот. Овие барања се поднесени според европското право да бидеш заборавен, кое им дава право на корисниците да побараат линкови […]
I kako da pobarame takvo nesto na primer od google?
https://support.google.com/legal/troubleshooter/1…