Eлегантниот Firefox 29 ja има најголемата персонализација меѓу прелистувачите

во Веб, Софтвер

Mozilla ја објави финалната верзија на Firefox 29 кој е најавен како „Firefox со најголема персонализација до сега“. Покрај новиот елегантен дизајн со Australis интерфејс, со тенки табови за полесно прелистување, направен да го зголеми фокусот на содржината наместо да го одвлекува вниманието со табовите кои исчезнуваат во позадината; најголемата новина во Firefox 29 e секако слободата да се прилагоди прелистувачот.

Со Customize алатката може да се трансформира Firefox според вашите потреби, да отстраните некои функционалности кои не ви се потребни, или да истакнете копчиња за додатоци кои ги користите. Дизајнот и персонализацијата треба да ви понудат „корисничко искуство кое не може да биде споредено со друг прелистувач“, како што вели Mozilla. Нова е и Firefox Sync опцијата, поврзана со Firefox Accounts, со која може да отворите историја, лозинки и букмарклети од било кој десктоп компјутер или Android телефон.

На прв поглед, новиот Firefox изгледа фантастично; точно е дека персонализацијата е одлична, а интерфејсот е брз и елегантен. Но, Firefox сега наликува на Chrome, што и не е многу добра вест бидејќи Chrome се покажа како сериозен конкурент на „огнената лисица“. Во Македонија околу 62 отсто од корисниците користат Chrome, а само 27 отсто се на Firefox. Глобално разликата можеби е помала, но сепак Chrome е во добра предност.

[youtube]bEw7VdZ_CZw[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Gluposti
Gluposti
8 years ago

Овие работи Maxthon ги има уште пред 2 ипол години.

Igor Commie Ristovski
8 years ago
Reply to  Gluposti

И Opera имаше пун к*рац работи пред Chrome. Ама никој тоа не го забележува

види ги сите огласи на kariera.it.mk