0 коментари 1 мин. читање

Над 3 милијарди луѓе ќе бидат поврзани до крајот на годината, велат Обединетите нации

Три милијарди луѓе, или околу 40 отсто од светската популација ќе бидат поврзани на Интернет до крајот на 2014-та година, објави Интернационалната телекомуникациска унија на Обединетите нации. Според извештајот, две-третини од интернет корисниците се од земјите во развој, а мобилната броадбенд пенетрација достигнува 32 отсто, или 2,3 милијарди корисници глобално.

Но, 60 отсто од луѓето, или околу 4 милијарди, ќе останат без пристап до Интернет. Европа има најголема интернет пенетрација од 75 отсто, или три од четири луѓе се поврзани; Американските континенти се втори според пенетрацијата, каде два од три граѓани се поврзани, иако нивниот развој го движат САД и Канада. Азија го има најголемиот број на интернет корисници, дури 45 отсто доаѓаат од овој регион или една-третина од луѓето кои се онлајн. Но, Африка заостанува со само 20 отсто од луѓето кои ќе користат Интернет до крајот на 2014-та, иако има пораст од 10 отсто споредено пред две години.

Мобилниот броадбенд останува „набрзо растечкиот сегмент“ каде 55 отсто од 2,3-те милијарди корисници доаѓаат од земјите во развој. Африка забележува драматичен пораст од 2 отсто во 2010-та година на 20 отсто во 2014-та година. Фиксниот броадбент забележува поспора пенетрација, која доминира во Азиско-Пацифичкиот регион.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top