0 коментари 2 мин. читање 29 април, 2014

Македонската TweetsPie има нов минималистички редизајн за Android

TweetsPie, наградуваната македонска апликација за прегледување на најпопуларните твитови, објави нов редизајн на својата Android верзија. Со новиот минималистички дизајн на Сања Вељановска, „се следат трендовите“ и промените кои ги прави Twitter, и се додаваат неколку нови функционалности кои ќе треба да ја направат апликацијата поинтерактивна. Освен што може да се отвори кориснички профил директно од TweetsPie, може да го отворите и твитот и да @oдговорите. Претходно можеше само да се ретвитува или да се обележи твитот како омилен. Без грижа, „бескорисното копче“ останува.

„Работејќи на една интернационална апликација, неопходно е истата постојано да ја надоградуваме. Со новиот апдејт има промени како во дизајнот така и во функциите на Твитспај. Она што сакавме да постигнеме со новиот дизајн е да ја направиме апликацијата по минималистичка, а во исто време да додадеме нови функции“, вели Иван „Медо“ Димовски, основач на TweetsPie.

Концептот да ја поедностави галамата од Twitter И да ги прикаже само најпопуларните твитови му донесе две победи на TweetsPie на ланските Droidcon во Букурешт и на Mobile AppCAmp Skopje, а неодамна за апликацијата пишуваше и еден од најголемите ИТ блогови The Next Wеb. Засега редизајнот е достапен само за Android, со новата верзија на апликацијата објавена на Google Play, а наскоро може да очекуваме и редизајн на iOS апликацијата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top