Македонија има талент, но тој талент да се развие треба пари и поддршка. Ова можеби звучи како нешто веќе чуено, но тоа е реалноста, овојпат, како и многу други пред него, пренесена од Владо Петрушев, кој е моментално во Брно, Чешка, каде работи во компанија за мобилни апликации. Владо пристигна во Чешка во 2013-та година како студент на Универзитот Masaryk, префлен како дел од студентска размена за магистарски студии со ФИНКИ, смер за компјутерски мрежи и е-технологии. Во Брно започнува да работи како стажант, а потоа, преку контакти од факултетот, е ангажиран од компанијата за мобилни апликации Mobera.eu да ги менаџира продуктите и стратешките партнерства.
„Македонија може да се гордее со својата ИТ култура, и со квалитетот на ИТ кадарот кој го произведува. Се надевам во иднина дека ќе бидеме и софтверски рај, пред се поради квалитетот кој го нудиме во споредба со цената на трудот. Иако сме помала заедница од онаа што е во Чешка, сепак се движиме во добра насока“.
Владо вели дека тоа што и недостасува на Македонија, а што го има Чешка, е присуството на технолошките гиганти како Motorola, Microsoft, IBM, Red Hat и други кои имаат свое локални дивизии. Поради близок контакт со технологијата, чешките ИТ заедници се далеку понапред, па ако во Скопје пред некое време се одржа првиот биткоин собир на кој се објаснуваше што е дигиталната валута, во Чешка биткоините веќе се користат и луѓето работат на решенија за нив.
„Чешка важи за една од земјите во Европа која ги вади најдобрите програмери и ИТ професионалци, пред се тоа доаѓа од одличното образование кое високите школи го нудат. На пример, можеби знаете за Роман Станек, основач на NetBeans, кој е по потекло од Чешка. Чешка важи за земја која брзо ги прифаќа трендовите кои се наметнати од највисоко развиените ИТ култури“.
Неговата компанија Mobera, мобилна дивизија на Takeplace, чиј тим успеа да се пласира на полуфиналето на натпреварoт за иновации на Deutsche Telecom во Прага; има објавено неколку интересни мобилни решенија како Onboard Camera за iOS со која може да снимате се што се случува пред вашиот автомобил. Идејата на апликцијата е да ви помогне во изборот на рутите, или пак да ви послужи како дополнителен доказ во случај на незгода. Иако го снима целото возење, за да не ја потроши батеријата, Onboard Camera користи специфичен лооп алгоритам кој го зачувува целото возење (или сегмент) само во последните минути. Друга апликација која ја објавија е Mapito, со која се мапираат гео-податоци преку предефинирани форми. Со неа може да се мапираат ретки растенија, омилените ресторани или било кои други информации кои мислите дека ќе им бидат корисни на другите корисници.
Бидејќи технологијата се развива брзо, за македонските компании и индивидуални програмери е проблем што заостануваат зад останатите во иновациите. Парите и инвестициите секако дека ќе ја подобрат локалната ИТ сцена, но, според Владо, поважно е да им се даде поддршка на добрите идеи – поддршка како консултирање за бизнис планови, менторство и било каква друга помош која ќе помогне стартапите да бидат сфатени „посериозно од заедницата, наместо да наидуваат на скептицизам“. Што се однесува до стартапите, тие мора да продолжат да си ги следат зацртаните идеи, и да не отстапуваат од нивно реализирање штом наидат на првите пречки.
„Обично почнуваат со одлична идеја, па бидејќи не добиваат поддршка се пренасочуваат кон оутсорсингот кој ги оддржува во живот. Мора да се креираат повеќе инкубатори, акселератори, па најверојатно на Македонија и фали еден технолошки парк како што иновативните умови ќе можат да соработуваат“, вели Владо.
Секако Чешка има предност бидејќи е во срцето на Европа, вели Владо. Блиску е до Австрија, Германија и Полска кои се значајни центри за ИТ културата во Европа, а и трошоците за присуство на тие сцени се помали. Финансиските трошоци можат да бидат проблем за македонските стартапи кои не се доволно финансирани, но парите се единствената пречка која им стои на патот да ја претстават својата идеја на некој од купте стартап натревари во регионот, Европа и светот.

Се убаво Владо ама не си во право, тоа што на Македонија и недостига е политиката да го остави приватниот бизнис на мира!
Инаку и јас живеам и работам во Брно како програмер за Dixons Retail. Може да ми напишеш еден е-маил да пиеме по едно пиво негде :)
Внесете го текстот тука!