LG вели дека G Watch е паметен часовник „подготвен за се“; ќе работи на Android Wear

во Хардвер

Судејќи од новото видео за G Watch, LG e подготвен да го „дефинира“ паметниот часовник дизајниран со метални рамки, отпорен на вода, „подготвен за се и секаде“. Дизајнот на LG G Watch секако ќе биде многу важен за корисниците – не треба да се заборави дека часовниците сè уште се моден додаток – но кога се во прашање паметните часовници, ќе биде важно какви спецификации има истиот. За жал, промотивното видео нема многу детали за подеталните спецификации, иако Android Wear како платформа е голем плус бидејќи ќе има бројни апликации. Часовникот ќе се појави на пазарот во јули.

[youtube]ObhAvvJEi0k[/youtube]

Покрај паметниот часовник, LG ги претстави и трите нови верзии на G Pad таблет компјутерот. На верзијата со 8,3 инчен екран ќе и се приклучат и верзии со 7, 8 и 10 инчи, кои, освен големината, не се разликуваат многу во хардверски перформанси и дизајнот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk