ИТ настан: Startup Grind Skopje сака да ги поврзе и инспирира локалните стартапи и инвеститори

во ИТ.МК, Совети

Во една реченица, Startup Grind е нешто како TED за луѓе кои работат на развој на бизнис, објаснува Ирена Ефремовска од бизнис тренинг центарот Clear View кои се организатори на настанот во Скопје. Поддржана е од Google for Entrepreneurs, Startup Grind е глобална заедница со мисија да инспира претприемачи. Нема натпреварување помеѓу компаниите, туку се цели кон вмрежување и практична едукација преку споделување на идеи и искуство. Настанот, закажан за 3-ти јуни во Скопје, ги следи стандардите на глобалната организација, и е замислен како месечен собир на ентузијасти, ментори и инвеститори кои сакаат да ја развијат локалната стартап сцена.

„Можеби неочекувано но, најмногу стартапи не успеваат не заради недостаток на финансиски средства, туку заради несоодветен „product-market” fit, односно неистрајноста да ја операционализираат почетната идеја во решение за кое пазарот има вистинска потреба“, вели Ирена. „На стартапите ќе им понудиме можност да научат од грешките, да запознаат луѓе кои може да бидат нивни бизнис партнери (бизнис девелопери, маркетери, ИТ девелопери…), клиенти за да ја тестираат идејата, и да оставарат контакт со потенцијални инвеститори и ментори“.

На првиот Startup Grind Skopje ќе гостува Иван Димоски од наградуваната македонска апликација TweetsPiе кој ќе го сподели своето искуство од разните стартап натпревари, како и добрите и лошите нешта кои се преживуваат низ развојниот процес на една апликација. Следниот настан и говорник ќе бидат објавени на првиот настап. Влезниците се во продажба по цена од 490 денари, и може да ги резервирате на официјалната страна или по имејл.

„Сакаме и да чуеме идеи за кои успешни македонски стартап приказни би сакале да ги видите следно. Застанете, кажете ни здраво и слободно споделете ги сите идеи на [email protected] или барајте ја Ирена на 2 461 477“.

[youtube]vTmO9wMVgaY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments