„Нека почне хакирањето“: пробиена фан страната на Марк Закерберг
Беше пробиена фан страната на основачот на Facebook, Марк Закерберг. Тие што ја пробиле страната оставија порака:
Беше пробиена фан страната на основачот на Facebook, Марк Закерберг. Тие што ја пробиле страната оставија порака:
Facebook и Тwitter се блокирани во Египет каде има демонстрации против Хосни Мубарак, кој владее со земјата уште од 1981 година. Според извештаите, организаторите на најголемите протести во последниве години во Египет ги користеле друштвените мрежи за да споделуваат инструкции за како да се избегне полицијата. Како и во Тунис претходно, повици за протести имаше и на Facebook и Twitter каде 90.000 луѓе се пријавија дека ќе бидат присутни, пишува Associated Press.
Новиот .мк сервис за групно купување Grouper.mk се пофали дека за ден и половина по стартувањето успеа да продаде 110 купони за фитнес пакети. Дополнително продадени се и 40 купони за аеробик и 50 купони за топло чоколадо, а во моментов и над 70 купони за пица.
Аpple само што најави дека стигна до неверојатната бројка од 10 милијади симнати апликации од App Store, продавницата за апликации стартувана во јуни 2008 година.
Досегашнииот извршен директор Ерик Шмит, кој го водеше Google 10 години, почнувајќи од 2001-ва кога основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин имаа само 28, односно 27 години, се повлече од функцијата наведувајќи во блог пост дека одлуката е „заради поедноставување на менаџментската структура и забрзување на одлуките“.
Како што Apple ги прегледува сите пријавени апликации, така тоа треба да го прави и Facebook решавајќи го проблемот со пристап на „затворена градина“, бидејќи така пола милијарда корисници ќе бидат побезбедни, вели безбедносната компанија Sophos во својот годишен безбедносен извештај (.pdf).
Тоа што е интересно кај Bubble Ball, популарна бесплатна игра на Apple App Store, е што играте е креаирана од американскиот осмоодделенец Роберт Неј, 14-годишен програмер-генијалец од Јута, кој играта ја објави под својата продукциска компанија Nay Games на 29-ти декември.
Apple има интересна визија за како технологијата треба да се развива, изјави експертот за Apple патенти Џек Пурчер за блогот Mashable кои претставија некои интересни идеи на Стив Џобс и Apple, на кои во во 2010-та им беа одобрени вкупно 563 патенти .
Се подготвува нов правилник на МАРНет за „управување со врвниот македонски домен .мк и други акти неопходни за функционирањето на МАРНет. Во текот на месец февруари оваа година правилникот ќе стапи во сила со што ќе се овозможи непречено регистрирање на нови домени.“, вели Mинистерството за информатичко општество по седница со Управниот одбор на МАРНет. На седницата за претседател на новиот МАРНет е избрана Маргита Кон-Поповска, професорка на Природно-математичкиoт факултет и досегашен потпретседател на одборот на МАРНет.
<Надополнето > Само по неколку дена откако Facebook најави дека ќе дозволи апликациите да бараат адреси и телефонски броеви, друштвената мрежа се предомисли и најави дека ќе направи поистакнато известување за кога апликација ќе ви побара адреса и телефонски број, со цел корисниците наместо автоматски да се согласуваат со апликацијатa, да знаат што од нивните информации ќе користи.
Како низ светот, така и во Скопје се прослави 10-тиот роденден на онлајн енциклопедијата Wikipedia која има над 17 милион текстови на 270 јазици. Википедија на македонски пак има 43.000 текстови по само 5 години постоење, што може да се каже дека е огромен успех земајќи в обзир дека се работи на мала група волонтери кои допринесоа кон слободно ширење на знаењето.
Сервисот за групно купување и дневни попусти од локални продавници е проценет на 15 милијарди долари, пишува New York Times. Интересното тука е штo Groupon e 2 години старa старт-ап компанија.
Google објави нова верзија на Translate апликацијата за Android телефоните, која ја има опцијата за „разговорно преведување“ која преведува во момент додека се зборува, додека се води разговор со странски соговорник.
Дел од корисниците приметија дека сега на Facebook од десната страна се прикажува ново поле со „приказни за паметење“ во кое се истакнати некои кориснички статуси, како што е погоре на сликата. На истото место се појавуваат и „фотографии за паметење“ (photo memories).
Онлајн енциклопедијата Wikipedia на 15 јануари 2011 година ќе прослави 10 години постоење и „споделување слободно знаење“. Ќе има журки во Скопје, ширум светот и на Веб, за да се прослави овој јубилеј на онлајн енциклопедијата која Џими Велс ја стартуваше во 2001 година.
Не сте Робокап или Терминатор, но сте киборг секојпат кога гледате на компјутерски екран или користите разни уреди, вели киборг антропологот Ембер Кејс во својот TED говор.
Министерството за информатичко општество сега ќе ја води и јавната администрација, бидејќи МИО работи на реформирање на администрацијата, односно модернизирање на администрацијата со цел да се поврзе истата преку интернет и да се намали административното малтретирање, во смисла на поефикасна работа и поедноставно завршување на работа со документи, за администрацијата и за граѓаните. „Администрацијата се […]
Comité des Sages, група која ги разгледуваше можностите за дигитализација на европското културно богатство, донесе извештај во кој се бара да се закачи културното богатство онлајн за да се овозможи полесен пристап, зголемување на туризам, истражување и едукација.
Откако Weekly World News објави дека основачот на Facebook, Марк Закерберг се изморил и сака да го изгаси Facebook во март, лажната вест се појави на еден куп медиуми правејќи го сето тоа толку спектакуларно да самиот Facebook мораше да коментира на лажната вест и да даде изјава дека „не, нема да се гасиме“.
Аpple го стартуваше Mac App Store со над 1.000 бесплатни и платени апликации наменети за Mac десктоп компјутеритите. Налик на продавницата со мобилни апликации за iPhone/iPad, Mac корисниците го користат iTunes за разгледување, симнување, апдејтирање и купување разновиден десктоп софтвер.