Одлуката доаѓа во истиот ден кога Google ги објави финансиските резултати од четвртото тромесечје, но г. Шмит вели дека „гледајќи ги резултатите, иднината е светла“. Google забележа профит од 2.5 милијарди долари во последните три месеци.
Од 4-ти април директорското место во Google ќе го превземе ко-основачот Лери Пејџ, кој сега има 39 години и кој е запознаен со директорската фотелја, тој го водеше Google во првите две години. Г. Шмит ќе остане на бордот на Google фокусирајќи се на зделките, корисниците, партнерствата и други бизнис врски. Гледајќи ја сликата погоре, тешко е да не се помисли дека децата пораснаа, па одговорниот-за-нив возрасен им го отстапува местото.
Day-to-day adult supervision no longer needed! http://goo.gl/zC89p
Ерик Шмит имаше успешна директорска кариера под Google, водејќи ја компанијата од 2001 година до денес како најуспешните потези на Google може да се истакнат купувањето на YouTube, претставување на Chrome и Android, и секако глобалниот импакт на гигантот кој сега има над 24.000 вработени ширум светот и кој денес има над 3 милијарди пребарувања дневно, наспроти 70-те милиони дневни пребарувања во 2001-ва.
„Во последните 10 години, ние тројцата бевме еднакво вклучени во донесувањето одлуки. Овој триумфантен пристап навистина ни придонесе во смисла на споделување знаење, и ќе продолжиме да ги дискутираме големите одлуки меѓу нас тројцата. Но, ние исто така се согласивме да ги појасниме нашите индивидуални улоги за да постои јасна одговорност на врвот на компанијата.“, вели г. Шмит.
Што понатаму за Google?
Google се уште е крал на интернет пребарувањето, иако Facebook го надмина како најпрегледувана страна, а на другиот, мобилен фронт има сериозна конкуренција, иако повеќето произведувачи го преферираат Android. Само неколку дена пред повлекувањето, Ерик Шмит во Harvard Business Review објави текст „Спремајќи се за големата мобилна револуција“ каде напиша „гледајќи ги иницијативите на Google во 2011, сфаќам дека сите се поврзани со мобилното“.
„Лери ќе го води развивањето на продуктите и стратегијата за технологија, неговите најсилни полиња, и од 4-ти април ќе ги превземе дневните операции како главен извршен директор во Google… Сергеј Брин [вториот ко-основач] одлучи да си го посвети времето на стратешки продукти, посебно на новите продукти. Неговата титула ќе биде Ко-основач.”, вели г. Шмит во блог постот.
профит*
Незнам но имам прочитано дека гугл забележа прогит од 2.4 ама нвм
Моментално работам во фирма која произведува софтвер за анализа на америчка берза.
Па еве во можност сум да ви дадам повеќе инфо за гоогле, како точен број на вработени, број на акции…. http://img816.imageshack.us/img816/9306/screensho…
[…] This post was mentioned on Twitter by itcommk and Boris Kuzmanov, Aleksandar Kocevski. Aleksandar Kocevski said: RT @itcommk: Шмит се повлече, основачот Лери Пејџ ќе директорува со Google http://bit.ly/htgzKs […]