Подолу се неколку интересни патенти, а повеќе ќе најдете на Patently Apple.
SmartBike
Apple има идеја SmartBike, или и-велосипед кој би требало да функционира како апликација за фитнес, го мери срцето, поминатото растојание и други детали на корисникот, но би можело да функционира и како телефон. Иако звучи интересно, сепак делува непотребно бидејќи доволно е само да се закачи iPhone или iPod на велосипед и да се добие истата функција, нели?
3Д декстоп и амбиентално светло
Apple размислува за проектирање на надворешно амбиентално светло врз 3Д моделите на екранот. Ова, велат од Patently Apple, функционира така што хардверски сензори можат да ја одредуваат положбата на изворот на светлост и тоа да го рефлектираат врз декстоп иконите, што може да се надоврзе со патентот за следење на лицето, односно до креирање на три-димензионален оперативен систем.
Лого антена
После проблемите со антената на iPhone 4, инженерите на Apple се зафатиле на работа да креираат антена која ќе биде сместена зад логото на уредите, со што ќе се добие појак сигнал без да има пречки од металот и другите материјали од кои се направени уредите.
iMac Touch
Патентот за iMac Touch објаснува дека овој компјутер ќе функционира оделено, ќе „има транзиција“, можеби налик на хибридни уреди претходно претставени. Пример, во исправена состојба ќе се користи за апликации за кои е потребна тастатура и глувче и ќе работи во OS X мод, додека во хоризонтална положба станува екран на допир посоодветен за други апликации работејќи на iOS мод.
Друштвено споделување на апликации
Apple има идеја за нов напреден систем за купување на апликации кој ќе им овозможи на корисниците да споделуваат апликации, со што корисниците ќе можат да ги тестираат апликациите пред да ги купат.
Друштвен виртуелен плакар за пробување облека
Apple размислува и за апликација која ќе може да го замени реалниот со виртуелен плакар, каде може да се складираат парчињата облека, да се пробуваат, споделуваат и при купување истите да се пробуваат како ќе изгледаат.
Ова се само дел од интересните идеи на Apple, кои од една страна можат да предвидат како
ќе се развива технологијата понатаму, додека од друга страна, некои идеи се едноставно само идеи кои може никогаш да не заживеат. Повеќе патенти ќе најдете на Patently Apple





