Википедија го слави својот 10-ти роденден, сите се поканети

во ИТ.МК, Свет

Денес Wikipedia има над 17 милиони статии на 270 јазици и е петта најпосетувана веб страна во светот со 410 милиони читатели месечно. Што се однесува до Википедија на македонски јазик, таа има неверојатни 40.000 текстови и е еден од најпосетуваните веб сајтови во Македонија.

По повод 10-годишниот роденден, волонтери од целиот свет, на повеќе од 260 локации, на сите 5 континенти, организираат видео конференции на 7 локации, онлајн средби на Facebook, Skype, IRC и QQ, и на Twitter со користење на хаш-ознака #wp10 и #wikipedia10.

Роденденска журка ќе се одржи и во Скопје, во организација на Викимедија Македонија. Славење на роденденот ќе биде составено од неколку настани од кои најголемиот дел ќе се одржат во Старата скопска чаршија, „срцето на градот и многувековен амалгам на различни култури и религии“. Ќе има средби на вики-активистите од други локални вики заедници, ќе има вечерна забава и ќе има презентации за Википедија на македонски.

„Презентациите ќе бидат наменети за целата публика, без разлика на нивното ниво на технички познавања за Википедија. Целта на презентациите е да информираат и да инспираат понатамошно ширење на Википедија и слободното знаење, а посетителите да увидат дека идејата за слободно знаење и култура е жива и активна во Македонија.“

Распоредот на настаните е подолу, а секој заинтересиран може да се пријави преку Facebook или оваа форма.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] This post was mentioned on Twitter by itcommk. itcommk said: Википедија го слави својот 10-ти роденден, сите се поканети http://bit.ly/dTdcj1 […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk