Groupon е приватна компанија, водена од 30-годишниот Eндрју Мејсон, која неодамна ја одби понудата да се продадена Google за 6 милијарди, , што сега се чини дека беше и прав потег. Groupon неодамна собрa и 950 милиони долари инвестиции, дел за да ги исплати почетните инвеститори и дел за понатамошен развој на интернационалната сцена ширејќи се и купувајќи помали такви сервиси.
Според изворите на NY Times, Groupon ќе стартува IPO, иницијално јавно надавање на берзата, на пролет 2011 година кое ќе ја процени компанијата на 15 милијарди долари.
Groupen е најголемиот сервис за групното купување. Групното купување со попусти од локални бизниси на чело со Groupon стана хит на Интернет и ширум светот. Концептот е дека веб сервисот е посредник меѓу потрошувачите и локална компанија која нуди попуст, но само ако се соберат група луѓе кои се заинтересирани за услугата/продуктот. наскоро групното купување стартува и во Македонија во облик на Kolektiva и Grouper.mk.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.