0 коментари 1 мин. читање

Google Translate преведува и зборува странски јазици во реално време

Доволно е само да се кликне на микрофонот на апликацијата, да се изговори збор, фраза и цела реченица, која Тranslаte ќе се обиде да ја разбере, зависно од јасното изговорување, позадинската бучава и акцентот, и ќе ја преведе на странски јазик при тоа изговорувајќи ја реченицата. Moжеби проблем што ќе го успори разговорот е потврдувањето дали е точно разбрана изговорената фраза, но барем е подобро одошто пребарување речник. Погледнете го демото претставено пред некој месец.

Опцијата е во алфа, преведува само англиски во шпански, но е доволно добра да се проба и да се види дека наскоро ќе ги срушиме јазичните бариери со сервиси како Translate.

Самата Translate апликација е достапна за Android 2.1 телефоните и преведува текстови на 53 јазици, меѓу кои македонскиот и албанскиот, а подржува и внесување текст со говор на 15 јазика.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top