Avatar photo

IT.mk редакција

4.611 написи активност: 03/2008 - 11/2026

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

Највлијателните твитерџии во .мк и регионот, анализа на @varagic

Darko156, Sead93, Natalija, Kuzevski, Ribaro, Moondowner, Zuberot, Twibi, Kapsarovb, Martinmarkovski, Lacialec и Jofemk се највлијателните македонски твитерџии според анализата на влијателниот српски блогер и онлајн стратегист Драган Варагиќ.

0 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Викимедија Македонија реагира на Отчетот на ВМРО-ДПМНE

Соопштение од Викимедиа Македонија: Во “Отчетот за работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 2006-2011” , во делот што се однесува на проектите кои оваа Влада ги спровела во рамките на информатичкото општество се наведува и проектот “Зголемување на македонските содржини на Википедија” (стр. 171). Иако го поздравуваме овој проект, по извесни реакции и недоумици во јавноста во врска со изнесените податоци, би сакале да укажеме на некои, се надеваме, ненамерни пропусти и недоречености.

7 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Sony откри дека имало уште едно пробивање, 25 мил. профили се украдени

Sony призна дека покрај нападите на 16-17-ти aприл кога беше пробиена Playstation Network, имало уште еден напад на Sony Online Entertainment (SEO) корисниците. Sony вели дека се украдени податоци од 24.6 милиони профили, како и податоци од постара дата база од 2007-ма. Украдените податоци биле12.700 броеви со не-американски кредитни картички и нивен датум на истекување, но не и нивните безбедносни кодови, додека имало 10.700 дебитни картички од корисници од Австрија, Германија, Холандија и Шпанија.

1 коментар Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер Хак-атак/Приватност

Прв поглед на Norton Internet Security 2012 Beta

Како Norton корисник решив да ја пробам новата верзија на Internet Security 2012, пишува Александар а.к.а. Pipelin на форумот објавувајќи кратка рецензија за новиот антивирус. Norton е еден од најпопуларните и најфалените антивируси како на форумот на It.com.mk така и според разни тестови.

2 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

2.2 мил. кредитни картички од PlayStation Network се на продажба

Се споменува на internets дека има 2.2 милиони податоци за укредени кредитни картички достапни за купување. Украдените податоци се од PlayStation Network мрежата која неодамна беше пробиена и беа компромитирани личните податоци на околу 70 милиони корисници.

0 коментари Прочитај 29 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Достапен Chrome 11 со внесување на говор преку HTML

Google објави нова единаеста стабилна верзија на својот прелистувач Chrome која овојпат доаѓа со опцијата за внесување на говор преку HTML. Пример, може да се преведе тоа што ќе му го кажете на Google Translate со кликање на микрофонот во долниот ќош. Моментално оваа опција е само за преведување од англиски на друг јазик, и иако е забавна сепак ќе треба мала прецизност во изговарањето.

0 коментари Прочитај 28 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Portal 2 е халуцинации!

Пред недела дена излезе второто продолжение Portal, интересна логична игра во прво лице со телепортирање меѓу портали која ги собра сите „10-тки“ од куп разни гејминг сајтови. Играта се состои од патување преку портали, често во движење, пример додека се паѓа, кои водат до нивоа каде се решаваат логичките проблеми за да се продолжи битката против GlaDOSS компјутерот.

2 коментари Прочитај 28 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Google Docs апликацијата прави текст од фотографии

Google ја објави Docs апликацијата за Android, со која може да се креираат, едитираат, споделат и закачат на веб документите од телефонот. Апликацијата дозволува и соработка на документите во реално време, т.е блиску до тоа.

0 коментари Прочитај 28 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

South Park: Aко немаш HumancentiPad тогаш не си кул

Apple уредите се кул, но не сакам да ме следат, му вели келнерот на Кајл. Карактерот од сатиричната South Park вели „тоа е само шпекулација“ по што влегуваат луѓе од Apple кои сакаат да го одведат да му ја изведат целата крв што им треба за да го направат детето прототипи на HumancentiPad на Apple. Ова се случува бидејќи Кајл се согласил со Условите на користење на Apple без да ги прочита.

1 коментар Прочитај 28 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Саем, предавања, WCG и дигитален фестивал… се во едно на Лан Фест 2011

Потребно е да се смени начинот како ќе се презентираат новите ИКТ технологии, велат од Лан Фест конференцијата која е најавена за 20 до 22 мај 2011-та година во спортската сала Борис Трајковски. Конференцијата ќе опфати исложувања, предавања, натпревари и голем дигитален фестивал со можност на 500 LAN повржани корисници.

7 коментари Прочитај 28 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Основачите на YouTube го купија Delicious

Чед Хурли и Стивен Чен, луѓето кои во 2006-та го стартуваа YouTube, го купија сервисот за онлајн букмаркирање на страници Delicious. Delicious претходно беше во власништво на Yahoo, купен во 2005-та, кои од тогаш не направија многу да го надградат сервисот и изјавија дека подобро е да го продадат сервисот отколку да го изгасат комплетно.

1 коментар Прочитај 28 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Apple објаснува зошто iPhone собира локација

Apple конечно се огласи објаснувајќи ја потребата од собирање корисничка локација преку iPhone. Ова складирање на локацијата скоро до една година беше откриено неодамна од двајца истражувачи дека се случува во фајл кој не е зашититен и енкриптиран на iPhone. Собирањето локација не се случува преку GPS, туку преку мобилните репетитори. Подоцна се откри и дека Android го прави истото и дека двете компании, Google и Apple, ги информираат корисниците за вакво складирање на локации, иако не споменуваат како се прави тоа.

0 коментари Прочитај 27 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Еден на еден со публиката

Oд неодамна во емисијата „Еден на Еден“, Жарко Димитриоски започна да ги поканува своите гледачи да ги искористат друштвените мрежи да постават прашање до гостите во емисијата. Интерактивноста која ја нудат Twitter и Facebook е како измислена за ваков вид емисии, вели Жарко, бидејќи гледачите се инволвираат не само во директната комуникација туку и во креирање на емисијата. Мреживе се фантастична работа, вели тој. Вистински свет во мало!

0 коментари Прочитај 27 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Nokia ќе oтпушти 4.000 вработени, Symbian истражувачите ќе бидат префрлени

Nokia ja најави својата трета и четврта фаза од трансформацијата со најава дека ќе отпушти 4.000 луѓе, од вкупно 65.000 вработени, до крајот на 2012-та.

0 коментари Прочитај 27 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Блог

IT.com.mk апликација за iPhone и iPod Touch!

IT.com.mk за iPhone и iPod Touch! Сите корисници на Apple-овите уреди ќе можат да си ја симнат бесплатната IT.com.mk апликација која ги содржи скоро сите сегменти на порталот. (линк до iTunes)

10 коментари Прочитај 26 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

На Србија и е одоборен кириличниот домен – .срб

ICAAN, телото кое управува со интернет имиња и броеви, и го одобри за користење кириличниот .срб домен, со што Србија станува втората земја во светот која ќе користи кирилични домени.

4 коментари Прочитај 26 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

Автостопер.мк е сервис за заеднички патувања

Автостопер.мк е нова бесплатна платформа преку која може да најдете и да организирате заеднички патувања. Сервисот е наменет за да им го олесни патувањето на сите вработени и студенти кои постојано патуваат меѓу градовите така што преку огласи им овозможува контакти со други корисници и возачи кои патуваат.

1 коментар Прочитај 26 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Sony S1 и S2 таблет компјутерите ќе се појават на есен

Sony претстави два модели на таблет компјутери кои ќе работат на Android Honeycomb оперативниот систем, и ќе започнат да се продаваат ширум светот оваа есен. S1 ќе има 9.4 инчен екран, додека S2 ќе има 5.5 инчен екран кој може да се преклопува.

3 коментари Прочитај 26 април, 2011
Мени
Заедница
Изглед