4 коментари 1 мин. читање

На Србија и е одоборен кириличниот домен – .срб

„Срб (srb), енкодиран како ‘xn-90a3ac’, е стринг со кој ќе биде соодветно претставена Србија преку IDN Fast Track процесор“, вели ICAAN.

Иако одоборен од ICAAN, се очекува да биде доменот одобрен од Министерството за трговија на САД, по што Регистерот на националниот Интернет домен (РНИДС) на Србија ќе треба да направи правилник и политика со цени за регистрација на кириличните домени, пишува PC press.

Сите кои до сега имале .rs домен ќе добијат предност да си регистрираат и .срб домен.

Србија уште во мај лани гласаше за кој да им биде кириличниот домен. Уште тогаш пишавме дека македонската агенција МАРНет е заглавена во процедури, а како што знаете се уште е, го нема новиот правилник, така да што се однесува до македонските кирилични домени, ќе треба да се почека.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top