Трансформацијата на Nokia започна кога финската компанија не усепа да се истакне на пазарот на паметни телефони па договори со Microsoft за користење на Windows Phonе наместо нивниот Symbian. Ова беше првиот дел од долгодишната стратегија, вели Nokia. Вториот чекор е да се зголеми инвестицијата во поврзување на следниата милијарда корисници на Интернет, преку мобилни уреди и „богата услуга“.
Третиот дел од стратегијата е да се „консолидира“ операцијата, односно се намалува персоналот, oд кои повеќето ќе бидат поврзани со работење на Symbian и MeeGo оперативните системи, бидејќи по договорот со Microsoft, Nokia ќе го користи Windows Phone како основна мобилна платформа.
Дополнителни 3.000 истражувачи од тимот за истражување и развој на овие платформи ќе биде префрлен до Accenture, консултантска фирма за менаџмент, за да продолжат да ја развиваат платформата во умирање.