Првиот за во мај е Mobile Monday. Ова е познат-ширум-светот настан кој се одржува, се разбира, во понеделник и е отворена платформа каде сите заинтересирани и мобилната заедница можат да дискутираат за разните прашања, теми и нови концепти во мобилната индустрија.
Првиот Mobile Monday настан ќе се одржи на 9-ти мај. Сајтот на .мк Mobile Monday не е уште сега е функционален. Настанот е организиран од New Media МК, кои се и креатори на Комуникации блоговите, и Web Factory, дечките кои го освоија второто место на Vip предизвикот.
Вториот настан е Skopje Startup Weekend кој ќе се одржи на 24 и 26-ти јуни. Startup Weekend е исто така познат светски настан, поточно 54 часовен настан кој има интересен концепт. На настанот се собираат сите ИТ ентузијасти кои споделуваат бизнис идеи која се оценуваат од експерти и кои можат да биде наградени со канцеларија, обуки и други „изненадувања“ со цел тие идеи да успеат. Целта на настанот е да се креираат локални стартап бизниси.
Најавите за настаните беа споменати на подкастот на Комуникации кој може да го слушнете на нивниот блог или подолу.
Podcast: Play in new window | Download (Duration: 31:15 — 28.6MB)








Сајтот на Mobile Monday Macedonia http://mobilemonday.mk и http://momo.mk и официјално е пуштен.