7 коментари 2 мин. читање

Саем, предавања, WCG и дигитален фестивал… се во едно на Лан Фест 2011

„Викендот на информатичка и телекомуникациска технологија има за цел да ја прикаже целосната слика на информатичката и телекомуникациската технологија на Македонија, да овозможи соработка на ИКТ секторот со останатиот сектор од Македонија како и со глобалниот пазар.“, велат организаторите.

Лан Фест конференцијата ќе се состои од неколку дела:

  • саемско изложување каде компаниите преку својот штанд ќе можат да ги презентираат своите е-услуги, софтверски решенија, финансиски, образовен софтвер, разни производи, е-маркетинг решенија… Малопродажбата не е дозволена на настанот.
  • ќе има предавања каде ќе се споделат идеи за стари и нови технологии и концепти. Најавени се „80 ИКТ конференции, презентации и обуки од страна на Министерствата, локални и странски ИКТ експерти како и од самите фирми изложувачи, истите ќе бидат и електронски пренесесувани во живо на www.lanfest.mk“
  • ќе има и седми-по-ред квалификации за World Cyber Games организирани од Македонска E-Спорт Федерација (MESF). Квалификациите се за светското гејминг првенство кое ќе се одржи во Кореја 2011-та.
  • и можеби најинтересниот дел, за сите три дена ќе има дигитален LAN фестивал каде до 500 заинтересирани посетители ќе можат да си донесат лаптоп или конзола и да се поврзат со LAN и WAN пристап за разни ИТ натпревари и споделување на едукативен материјал.

„Дополнително овој сегмент [дигиталниот фестивал] со себе го понесува и најголемиот јавен и директен технички приказ на комплексно техничко решение во Југоисточна Европа, каде директно ќе бидат преставени и презентирани аспекти во полето на широкопојасниот интернет, безбедносни системи, менаџирање на комплексни инфраструктури и структурна поставеност на истото.“, велат од Лан Фест конференцијата.

Ваква слика ќе не очекува, велат организаторите на Лан Фест.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top