Саботна симс средба #17: Бегство во дигитална дивина

Што е саботна симс средба?

Неделна статија замислена да ја информира The Sims заедницата преку детално разгледување експанзии и бројни додатоци за култната симулација.

Преку критичка посвета на бројните новитетите поврзани со додатокот, ве известуваме за тоа што најдобро функционира во поглед на механиките и на какви сѐ работи би можеле да наидете за уредување на вашиот дом.

Моментно, The Sims 4 има 19 главни експанзии, 12 game пакети, и над 20 stuff пакети. Целта на оваа статија е заеднички да поминеме низ сите нив!

Претходните саботи разгледувавме:

Повик на природата

Game Pack-от The Sims 4 Outdoor Retreat претставува интересна нова дестинација за франшизат. Имено, ова не е е експанзија; експанзиите знаат да бидат подарежливи во поглед на содржините. Game Pack-овите воведуваат нов формат на содржина кои се, грубо кажано, поскромни од експанзиите, но посадржајни од stuff pack-овите. Како прв ваков пакет, The Sims™ 4 Outdoor Retreat е лансиран на почетокот на 2015 година, нудејќи ви можност да ги оттргнете вашите симс ликови од секојдневните рутини и да ги одведете на одмор во срцето на природата. Главната тема се врти околу кампувањето, истражувањето на дивината и стекнувањето нови вештини, нудејќи искуство кое е фокусирано на релаксација и авантура, наместо на постојано живеење.

Нова дестинација: водопади од соништа

The Sims 4 Outdoor Retreat ги отвора портите кон целосно нова дестинација – Granite Falls. Овој свет, инспириран од пејзажите на Пацифичкиот северозапад на САД, е исполнет со борови шуми, чисти езера и свеж планински воздух. Важно е да се напомене дека Granite Falls се исклучиво туристичка локација; симс ликовите можат да престојуваат до седум дена, со можност за продолжување, но не и трајно да се населат. Светот е поделен на две главни населби: едната со национален парк за истражување и другата со парцели за изнајмување, каде што можете да бираат помеѓу удобни кабини или поставување сопствен камп. За авантуристички настроените играчи, Granite Falls крие и тајна локација позната како Deep Woods. Достапна преку скриена патека, оваа област е дом на мистериозен скитник кој нуди уникатен рецепт за хербализам доколку успеете да се спријателите со него.

Отворено небо

Во Outdoor Retreat имате бројни активности кои се фокусирани на активности на отворено. Поставувањето камп со шатори, ладилници и огништа е само почеток. Околу логорскиот оган, вашите симс ликови можат да печат одредени деликатеси, да раскажуваат приказни или да свират на гитара. Пакетот воведува и нови активности како гледање во облаци и ѕвезди, кои обезбедуваат инспиративни расположенија, и класичната игра со фрлање потковици.

Собирањето ресурси е клучен дел од искуството. Granite Falls се богати со нови видови инсекти, билки и риби, кои се неопходни за новата вештина хербализам. Овие активности се меѓусебно поврзани така што, пример, риболовот обезбедува храна за готвење на оган, додека собирањето билки и инсекти е основа за создавање корисни лекови. Благодарение на ваквата синергија, се создава кохезивно искуство каде секоја активност има своја цел и придонесува за целокупната авантура.

Нови вештини и карактеристики

Најголемата новина во однос на вештините е, како што кажавме претходно, хербализмот. Оваа вештина им овозможува на симовите да ги идентификуваат дивите растенија и да подготвуваат различни билни лекови на скара или шпорет. Рецептите се движат од практични напивки како репелент за инсекти, до лекови кои го менуваат расположението, па дури и еликсир за плодност. Една од најдобрите карактеристики на оваа вештина е тоа што, откако ќе се идентификуваат, билките можат да се одгледуваат и дома. Пакетот воведува и нови карактеристики, како гадење на одредени работи. Ќе наидете и на нова аспирација која го прави симс ликот особено да ја цени природата, како и нова особина поврзана за преживување во дивината и правилно снаоѓање во природата.

Предмети + облека = креативни можности

Outdoor Retreat доаѓа со над 60 нови предмети во режимот за градење и купување, со силен акцент на рустикалниот шарм. Мебелот од дрво, шаторите, преносните кревети и огништата се дизајнирани не само за Granite Falls, туку можат да се користат во кој било свет. Новата облека и фризури се во согласност со темата за планинарење, а како уникатен и хумористичен додаток се издвојува костимот на мечка, кој доаѓа со свои уникатни социјални интеракции.

The Sims 4 Outdoor Retreat успешно ја исполнува својата цел во нудење тематско бегство од секојдневието. Додатокот се топло препорачува на играчи кои уживаат во градењето со рустикална естетика, сакаат да истражуваат и собираат ресурси, и бараат порелаксиран стил на игра. Иако можеби не нуди долгорочна ангажираност како поголемите експанзии, неговата способност да се интегрира во секојдневната игра преку вештината хербализам и преносливите предмети му дава трајна вредност.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments