Bambas!: Игра во која уживате чекор по чекор

Вчера видовме детенце како дојде до вирче, почна да се врти во круг околу него, па потоа да турка со нозете мали каменчиња, завршувајќи со епско шлапкање во бистрата вода. Bambas! е игра која сака да ве потсети на деновите кога улиците беа вашето игралиште и кога секој тротоар, пешачки премин или вирче стануваше дел од епска мисија создадена од вашата имагинација. Чедото на DevilishGames се залага да го врати токму тоа магично чувство, нудејќи уникатен симулатор за урбано пешачење, претворајќи го секојдневието во неверојатна авантура.

Движење со стил

Она што веднаш ја издвојува Bambas! од другите игри е нејзиниот револуционерен контролен систем. Наместо едноставно притискање на едно копче кое ве придвижува напред, вие ги контролирате двете патики независно. Користејќи ги аналогните стапчиња и тригерите на контролерот, буквално го симулирате движењето на сопствените стапала. Овој механизам, иако на почетокот може да изгледа збунувачки и, со самото тоа, предизвикувачки, набрзо станува интуитивен и отвора сосема нов свет на интеракција. Не станува збор само за одење – ќе треба вешто да балансирате на ивици, да прескокнувате пречки, да шутирате конзерви и прецизно да се движите низ стотици предизвици кои бараат повеќе од обична навигација.

Дејството е сместено во детален и живописен медитерански крајбрежен град, кој пулсира со живот и тајни. Играта ве охрабрува да истражувате без ограничувања, наградувајќи ја вашата љубопитност. Зад секој агол може да се крие скриена локација, интересен лик или нова мисија што ќе ве одведе на неочекувано патување. Нарацијата е нелинеарна и се раскажува преку околината, што значи дека приказната ја откривате преку набљудување и интеракција, наместо преку наметнати дијалози. Графиката е прекрасна, а звучната подлога разиграна, нудејќи пријатно и релаксирачко искуство кое како да е произлезено од вашите омилени цртани од детството.

Урбана култура и едноставни загатки

Bambas! е игра која користи различни методи за да сервира урбаната култура. Од графитите по ѕидовите до звуците на градот, секој елемент придонесува за автентичната атмосфера. Во текот на играта ќе отклучувате и приспособувате огромен број на патики, секоја со свој стил, што дополнително го персонализира вашето искуство. Предизвиците се движат од едноставни загатки и задачи, како што се доставување пици или чистење на скејт-парк, до покомплексни мисии што бараат креативност и вештина. Иако играта не ве води за рака низ сите аспекти, гејмплејот е доволно интуитивен за брзо да се навикнете и да уживате во слободата што ја нуди.ж

Bambas! е кратко, ноосвежувачко и оригинално искуство кое успешно ја претвора едноставната активност на пешачење во забавна и ангажирачка игра. Со својот иновативен систем на контроли и шармантен свет полн со можности за истражување, таа нуди нешто навистина поразлично. Иако можеби не е за секого, особено за оние кои претпочитаат брза акција, Bambas! е бисер за играчите кои сакаат да се опуштат, да ја разбудат својата креативност и да го доживеат градот на сосема нов начин – чекор по чекор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk