Twitter ќе преведува твитови
Тwitter ќе го користи Google Translate да преведува твитови во стримот со цел корисниците од различни јазици да споделуваат информации.
Тwitter ќе го користи Google Translate да преведува твитови во стримот со цел корисниците од различни јазици да споделуваат информации.
Squаrе, мал коцкест читач на кредитни картички за мобилни телефони со кој преку апликација се извршува наплата, официјално излезе од бета пред една година, и веќе успева да процесира милиони долари од мобилни трансакции секоја недела, пишува TechCrunch.
BBC пишува за 46 годишниот Мика Терхо кој како целосно слеп се вклучил во пилот-проект на германскиот универзитет Тиминген по што му било вградени чип во окото. Откако прогледал, г. Терхо вели дека на почеток луѓето му изгледале како духови.
Поп пејачката стана рекорден на YouTube, нејзините видеа се вкупно прегледани над 1 милијарда пати, вели компанијата за интернет истражувања, Famecount.
Астронаутот на НАСА, Даглас Вилок ја доби „NASA Explorer“ значката на Foursquare откако се чекираше на Foursquare од 354 километри над Земјата додека патуваше со брзина од 28.000 километри на час. Значките се еден вид игра на Foursquare, собирањето значки носи и награди, што ги поттикнуваат корисниците да го користат сервисот. Ако ја покаже значката астронаутот Вилок ќе добие бесплатен сладолед за аустронаути. :)
2 милијарди луѓе, скоро 1/3 од светската популација, ќе бидат поврзани на Интернет до крај на годината, додатно скоро 90% од популацијата има пристап до мобилни мрежи, вели Интернационалната телекомуникациска унија (ITU).
Во борба против пиратеријата Франција или користи екстремни или креативни идеи. Екстремниот начин е претењето со закон во три чекори Hadopi со кој се гаси пиратот од интернет, закон со кој некои интернет провајдери не се согласуваат.
Ерик Шмит во неодамнешно интервју изјави дека „тоа што автомобилот е измислен пред компјутерите е баг, грешка“ бидејќи луѓето се неодговорни кога возат. Се чини дека Googlе сака да ја исправи таа грешка. Пред некој ден Google објави на својот блог дека инвестира во технологија автомобилите да возат сами. „Нашите автономни автомобили користат камери, радар […]
Дарен Марфи, блогерот на Engadget, влезе во книгата на рекордер како „најпродуктивен професионален блогер кој склопи 17.212 индивидуални блог постови за engadget.com од 29 јули 2010“.
Greenpeace остро го критикува Facebook заради користење на електрична енергија генерирана од јаглен за својот нов дата центар во Орегон. Откако стартуваа група на Facebook, која сега има над 600.000 членови, еколошката организација сега објави и видео „So Coal Network" таргетирајќи го дрскиот основач на Facebook, Марк Зукерберг кој се „уште може да го промени своето мислење“.
HTC најави прес конференција во истиот Лондон каде се одржува долгопланираниот Nokia World настан. Звучи агресивно, нели? Но, не како брзата реакцијата на Nokia. Финската компанија им упадна на HTC конференцијата со црвени балони при тоа делејќи им на новинарите „Опрема за преживување на HTC прес конференција“.
Тwinkle е проект за користење на проширена реалност за интеракција со реалниот свет. Во оваа демо истражувачите од Универзитетите на Токио и Кио го користат Twinkle како вид на игра, користејќи проектор, сензор и видео камера за да проектираат мало човече кои се шета низ реалниот свет препознавајќи ги границите на објектите како и физичките движења.
Користејќи го пиратирањето на лиценците нa Мicrosoft како изговор, руската полиција прави рации на канцелариите на невладините организации за човекови права и екологија во момент кога НВО-та сакаат да го привлечат вниманието на јавноста. Полицијата ги одзема целите компјутери на организациите, велејќи дека истражуваат кражба на интелектуална сопственост. Ова ретко им се случива на организации и медиуми кои се наклонети кон властите, пишува New York Times.
Наместо да оди директно кај пациентот, неврологот Алан Шатзел, одалечен стотина километри, донесува итна одлука користејќи компјутерски монитор, тастатура и џоистик со кој контролира робот на тркалца.
Тројца тинејџери од Колумбија чии имиња се појавија на црна листа на Facebook се убиени во последниве 10 дена. Првата листата со околу 30 имиња е објавена на 17 август, само два дена по убиството на двата тинејџери, убиени додека се возеле на мотори. Третиот тинејџер е убиен на 20 август. Во истиот инцидент е ранет уште еден студент.
Поранешна израелска жена војник предизвика скандал со своите слики објавени на Facebook во кои таа позира пред палестински заробеници чии очи се вржани.
Судот од градот Комсомолск-on-amur на далекиот исток од земјата донесе одлука за комплетна забрана на YouTube во рускиот регион заради само едно екстремистичко видео „Russia For Russians". Тој слоган е националистичка доктрина која повикува на етнички чистења во мулти-етничката Русија.
Објаснувајќи за како преку друштвените мрежи дознал за некои уникатни бразилски птици и досадни коментатори, Етан Зукерман, ко-основачот на Global Voices Online, вели дека има неколку нешта што можат да се научат од друшвените мрежи.
YouTube стартува интересна кампања повикувајќи ги луѓето ширум светот да снимат момент од еден ден, 24 јули. Тој момент потоа ќе биде ставен во документарец кој ќе биде продуциран од оскаровецот Ридли Скот.
Давајќи ни избор, слободен пристап до информации, како и контакт со другите, ИТ може да ни го зголеми чувството на сигурност, личната слобода и моќ и со тоа придонесе кон поголемо задоволство од животот, се вели во истражувањето на BSI, Charted Institute of IT.