Франција ќе им плаќа на младите половина за легално купената музика

0 коментари 1 мин. читање

Креативната идеја на Франција е да се мотивираат младите да купуваат легална музика така што сите младим меѓу 12 и 25 години, ќе можат да купат 50 евра вредна картичка, за која корисникот ќе плати само половина, 25 евра, а остатокот ќе го плати државата. Со таа 50 евра вредносна картичка младите франзуци ќе можат да си купат дигитална музика легално.

Програмата ќе трае 2 години, а за тоа време властите очекуваат да продадат околу 2 милиони картички. Секој корисник ќе биде лимитиран на една картичка годишно. За целиот проект Франција ќе потроши 50 милиони евра.

Интересно секоја веб музичка продавница или сервис ќе биде лимитиран на 5 милиони евра, со цел да може и други помали и индивидуални сервиси да добијат дел од „инвестицијата“. Европската комисија, која ја одобри програмата, ја пофали Франција велејќи дека е „добро дизајнирана за да се бори против пиратеријата.“

„Како резултат, оваа шема ќе придонесе да се зачува плурализмот и културната разновидност во онлајн музичката индустрија.“ рече комисијата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top