До сега сите рации беа поддржани од адвокатите на Microsoft кои велат дека компанијата е жртва и дека криминалците треба да бидат гонети.
Но Мicrosoft одговори на критиките и објави дека ќе ја смени полиста за да ги спречи неаргументираните рации.
Подпретседателот на компанијата Бред Смит објави писмо во кое најави дека „за да се заштитат невладините организации Microsoft ќе креира еднострана софтверска лиценца за НВО што ќе им обезбеди бесплатни и легални копии на нашиот продукт.“ Со ова сите компјутери на НВО ќе бидат со легален софтвер што ќе го спречи властите да прават политички мотивирани рации базирани на изговори за пиратски софтвер.
„Ќе го решиме проблемот со обезбедување на еднострани лиценци за НВО кои се доставуваат автоматски од Microsoft до организациите и го покриваат веќе инсталираниот софтвер на компјутерот.“
Овие автоматски лиценци ќе траат до 2012 година што ќе им даде време на организациите да се префрлат на Microsoft програмата.
„Втората причина зошто овој потег има смисла е бидејќи го пресекува Гордискиот јазок кој поинаку би сметал при нашето справување со овие законски проблеми. Законот во Русија (и во другите земји) бара да се приложи веродостојна информација како одговор на законски процеси. Со овои нови софтверски лиценци, ние ефективно ја променуваме ситуацијата.“ вели г. Смит.