0 коментари 1 мин. читање 7 јули, 2010

Животот во еден ден, проект на YouTube и Ридли Скот

„Секој ден, 6.7 милијарди луѓе го гледаат светот преку нивната уникатна перспектива. Замислете ако има начин како да се соберат сите тие перспективи, да се агрегираат и да се спојат во една поврзана приказна за еден ден на земјата.“ вели YouTube.

Доколку имате камера, или мобилен, снимете еден момент од 24 јули, може да биде изгрејсонце, додека патувате на работа, додека сте на одмор и се бањате… и закачете го видеото на Life in a Day каналот на YouTube. Видеата треба да се испратат најкасно до 31 јули.

Премиерата на филмот ќе биде на филмскиот фестивал Sundance 2011. Доколку го одберат вашето видео ќе можете да бидете еден од 20-тината кои ќе одат на премиерата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top