1 коментар 1 мин. читање 26 август, 2010

Три колумбиски тинејџери oд црна Facebook листа се мртви

Иако полицијата била информирана, сепак листата им делувала како шега се до моментот кога се појавила уште една со додатни 31 име, изјавија колумбиските власти за CNN.

Сите 60 луѓе од црната листа се предупредени дека имаат три дена за да го напуштат градот Пуерто Асис или ќе бидат убиени. Наводно, листата ги таргетира тие вмешани во проституција и дрога. Според локалните власти 40-тина луѓе од листата веќе избегале од градот.

Полицијата нуди 7.000 долари награда за ИТ експертите кои ќе пронајдат кој ги постирал листите на Facebook.

Интересно нема информации дали колумбиската полиција побарала информации за IP адреси што можат да помогнат во истрагата, пишува AllFacebook. Исто така, нема информации дали Facebook веднаш би дозволил такво барања. За друштвената мрежа постои полиса за како властите со налог можат да добијат такви информации.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
mariomako
mariomako
15 years ago

Дали листата може да ја види секој? И ако може линк до неа?

Мени
Заедница
Изглед
To top