0 коментари 1 мин. читање

Израелски Facebook инцидент прерасна во интернационален скандал

Еден Абергил ги објавила сликите на својот профил во албум наречен „Армијата – најдоброто време од мојот живот“. На една од сликите со палестински заробеници има и коментари од пријателите дека таа „изгледа најсекси тука“ на што таа одговора „Да, знам… се прашувам дали тој има Facebook! Да го тагирам на сликата!“

Портпаролот на израелската армија веднаш ги отфрли сликите како „нешто детско и глупаво – и се надевам ќе нема интерес од медиумите.“

Но интересно, Едан Абергил говорејќи за израелското армиско радио, рече дека сликите не се нешто лошо.

„Нема насилство или намера да се понижи некој во сликите. Само сакав да се сликам со нив во позадина. Го направив тоа од возбуденост, да го запомнам искуството. Не е политичка изјава нити било каква изјава. Тоа е да ги запомнам деновите во армијата и толку.“

Покрај критиките од израелската армија, се огласија и палестинците кои остро го критикуваа објавувањето на фотографиите велејќи дeка „ова е правиот менталитет на окупаторот“, а критики дојдоа и од организациите за човекови права.

Што се однесува до Facebook и објавените фотографии на мрежата, AllFacebook филозофски вели дека „Facebook e само неутрално место, како кафиќ“ и прашува „дали е ова само човековата природа и Facebook и интернетот не само откриваат кои сме ние вистински, и кои од секогаш сме биле?“

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top