Робот наместо доктор

0 коментари 1 мин. читање

„Тој ја води скоро 1.5 метри високата машина, која има голем монитор како „глава“, во собата на пациентот во Бекерсфилд. Лицето на др. Шатзел се појавува на екранот, а неговиот глас се слуша од звучникот.“ пишувa New York Times.

Овие мобилни роботи се почесто се појавуваат низ американските болници и стануваат очи, уши и глас на докторите кој не може да биде на лице место.

Според скептиците, технологијата за видео конференција е дизајнирана токму за видео конференции, не е наменета за донесување важни одлуки како лекување на пациент. Роботите најчесто служат токму за состанок меѓу докторот и пациентот, но научниците велат дека вештачката интелигенција и мобилната технологија напреднуваат па можеби наскоро роботите ќе можат сами да си донесат мали одлуки.

„Со зборувањето директно со пациентот, прегледување н алицето и контролата на неговите раце и со погледнување со камерата во срцевите монитори во собата др. Шатзел може да го оцени ударот, вели тој, со иста точост како да е тој таму. Тој ги посоветува сестрите да му дадат лек на пациентот.“ пишува New York Times.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед