0 коментари 2 мин. читање 19 октомври, 2010

Над 2 милијарди интернет корисници до крај на 2010, вели ITU

Иако бројот се зголемува, сепак ITU, агенција на Обединетите нации за информатичка и комуникациска технологија, вели дека земјите во развој ќе треба да се потрудат повеќе да овозможат интернет пристап со цел да не заостанат во економскиот развој.

Оваа година се забележани 226 милиони нови интернет корисници, од кои 162 се од земјите во развој. Но, и покрај тоа 71% од популацијата во развиените земји има пристап до брз интернет, наспроти само 21% од поврзаната популација од земјите во развој. Според континентите од Африка само 9.6 отсто од популацијата е на интернет, Азија и Пацифик 21.9 отсто, додека Европа забележува најголемо поврзување со 65 отсто од популацијата на интернет.

Решението за поголемо интернет поврзување е широкопојасниот интернет, вели секретарот на ITU, генерал Хамадун Туре.

„Широкопојасната врска е следната решавачка точка. Може да генерира работи, да го движи развојот и продуктивноста и да стане темел за долгорочна економска конкурентност. Исто е најмоќната алатка што ја имаме во нашата трка да ги оствариме целите на Милениумскиот развој, конечниот рок е само пет години од сега.“ рече

Што се однесува до другата, мобилната поврзаност ITU вели дека 90% од глобалната популација има пристап до мобилната технологија. Се очекува до крајот на 2010 година да има 5.3 милијарди мобилни претплати, од кои 3.8 ќе бидат во земјите во развој.

Целиот извештај на ITU „Светот во 2010“ (.pdf 1.8МБ) можете да го симнете од – www.itu.int/ITU-D/ict/material/FactsFigures2010.pdf.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}