Автономните автомобили на Google

во Свет

Ерик Шмит во неодамнешно интервју изјави дека „тоа што автомобилот е измислен пред компјутерите е баг, грешка“ бидејќи луѓето се неодговорни кога возат. Се чини дека Googlе сака да ја исправи таа грешка. Пред некој ден Google објави на својот блог дека инвестира во технологија автомобилите да возат сами.

„Нашите автономни автомобили користат камери, радар сензори и ласери на долги далечини да „видат“ друг сообраќај, како и детални мапи (кои се собираат мануелно возејќи ги возилата) за да се движат низ патот. Ова е се овозможено од дата центрите на Google, кои можат да процесираат неверојатни количини на информации соберени од нашите автомобили кога го одбележуваме теренот.“ пишува Google.

Интересно, неколкуте автомобили на Google имаат извозено вкупно 225.000 километри, што значи дека Google успеал тивко да ги тестира овие автомобили. Многумина ги имаат и видено Toyota Prius автомобилите со закачени камери како возат низ Силиконската долина, некои дури и во ноември 2009 година, но никој не им обрнал внимание бидејќи некои мислеле дека ова е нова Google Street View кола или некој друг сличен експеримент.

Google Automated Prius at Google Campus – March 2010 from Van Tucker on Vimeo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
антонио
антонио
11 years ago

Повеќе би му верувал на GoogleCar одколку на некое 18 годишно дете кое сега зело возачка и се враќа од журка дома…

види ги сите огласи на kariera.it.mk