0 коментари 2 мин. читање 29 јули, 2010

Руски бан за YouTube заради едно екстремистичко видео

Забранети се уште четири сајтови – Web.archives.org, Lib.rus.ec, Thelib.ru and Zhurnal.ru бидејќи на нив има содржина од Хитлеровата „Моја борба.“

Иако цензура заради националистички видеа звучи логичен, сепак „интернетот е препознаен како последниот нецензуриран медиум во Русија, и оваа одлука може да ја одведе земјата накај Иран и Пакистан, кои го имаат блокирано YouTube.“ пишува The Moscow Times.

Екстремистички видеа не се ништо ново за YouTube, ги има и во Македонија. Всушност секое закачено видео поврзано со Македонија може да предизвика неверојатни и одвратни екстремистички коментари на YouTube. Но процедурате е многу јасна, видеата или се блокираат или се бара од YouTube да бидат тргнати. Но не се блокира целиот сајт.

Дури и рускиот интернет провајдерот Rosnet, кому му е наредено од судот да го блокира YouTube и останатите сајтови, вели дека судот не сакал да ги слушне нивните предлози за блокирање само на видеата.

„Претставниците на нашата компанија неколку пати се обидоа да објаснат на обвинителите и на судот предложувајќи им блокирање на екстремистичка содржина на овие сајтови, пристап до хостинг провајдерите, ресурсите и авторите на публикациите. Но нашиот аргумент не беше земен в предвид.“ се вели во соопштението.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top