Написи тагирани со Facebook

1.123 написи
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

СДСМ со Facebook видео, ВМРО со мотивациски пост

Ангажирањето на политичките партии на друштвените мрежи е интересно нешто бидејќи мрежите нудат можност за директни контакти, за коментирање, разговор, споделување информации со граѓаните... Но, за жал, во моментот се се сведува на кој колку фанови има...

0 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи Совети

Сега можете да unlike Facebook страна преку фидот за вести

Facebook воведе мали промени на стримот за вести. Првин, ги спушти пораките подолу и го смали фонтот, статусите не се веќе залепени до името на корисникот и можеби поинтересна новина додаде опција за unlike (не ми се допаѓа) преку стримот.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Ова е информатичка револуција, вели проф. др. Владимир Трајковски

За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.

2 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Sakam.mk – Facebook рекламна мрежа

Sakam.mk е мрежа на Facebook страни кои нудат директна интеракција меѓу корисниците и компаниите. Kорисниците, преку активните Facebook профили ќе можат да споделуваат потрошувачко искуство, преку слики, линкови, видеа и информативни статуси. Додека пак од другата страна, брендови, компании или други правни лица ќе можат полесно да се поврзат со потрошувачите и да споделат ексклузивни понуди, попусти, услуги и свои производи...

2 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Бугарски Facebook хит

Да, Facebook е дел од популарната култура и затоа е потребно да се испее. Подолу е видео од бугарската фолк пејачка Гергана и нејзината песна за друштвената мрежа. По тоа што разбрав, флертувањето започнува на Facebook, за потоа да стане реалност. Можеби Гергана сака да ни каже дека реалната комуникацијата е поважна од дигиталната? Уживајте! :P

7 коментари Прочитај 2 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook стартува приказни меѓу два пријатели

Facebook приказната меѓу два пријатели (или Friendship страната) е страна каде се прикажува интеракцијата меѓу два пријатели, односно служи како еден вид дневник на нивните заеднички активности и заедничката комуникација, коментари, фотографии каде се тие тагирани заедно...

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Совети

Mенаџирањето на Facebook фан страни стана поедноставно

Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.

1 коментар Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Лејди Гага e најпопуларната личност на интернет?

Поп пејачката стана рекорден на YouTube, нејзините видеа се вкупно прегледани над 1 милијарда пати, вели компанијата за интернет истражувања, Famecount.

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги енкриптира корисничките ID броеви

Facebook се одлучи да ги енкриптира (шифрира) корисничките идентификациони броеви (UID). Ова следи по неодамнешното откритие дека Facebook апликациите ги споделува корисничките ID броеви со маркетинг агенции и компании кои „копаат“ интернет информации и покрај тоа што таквото извлекување од податоци е забрането на Facebook.

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook апликации споделуваат кориснички ID со маркетинг агенции

Повеќето апликациите на Facebook ги споделуваат корисничките ID броеви, давајќи пристап до имиња на корисниците и на нивните пријатели на околу 25 маркетинг агенции и компании кои работат со податоци, од кои некои работат со креирање профил на интернет корисници следејќи ги нивните онлајн навики, открива Wall Street Journal.

2 коментари Прочитај 18 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети Хак-атак/Приватност

Привремени, за една употреба, Facebook лозинки за безбедност

Facebook стартуваше опција за привремена лозинка која трае само 20-тина минути со цел да им овозможи на корисниците побезбеден начин да се логираат од било кој компјутер.

1 коментар Прочитај 18 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Достапен Skype 5.0 со Facebook интеграција и видео чет меѓу 10 луѓе

Skype конечно ја објави 5.0 верзијата за Windows за симнување. Големата новина е секако можноста за видео чет со 10 луѓе, што го прави Skype еден вид бизнис алатка за конференциски видео разговори. Видео повиците во моментот се бесплатни бидејќи „сакаме да се осигураме дека имаме заинтересирани корисници и дека квалитетот е доволно добра за да наплаќаме за услугата“ вели директорот за продукти на Skype, Мајк Бартлет.

5 коментари Прочитај 14 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Bing и Facebook во „Like“ партнерство

Bing.com сега како резултати од пребарувања ќе покажува „Like" информации од Facebook Instant Personalization. Ова значи дека кога корисникот, кој е претходно логиран на Facebook, ќе пребарува на Bing покрај стандардните резултати ќе се појавуваат и лицата на неговите пријатели кои кликнале Like на тој линк. Најдобар пример е пребарување на филм, музика или слика. Кога ќе пребарувате некој филм интересен за вас ќе видите и на кој од вашите пријатели му се допаднал тој филм, како на сликата погоре.

0 коментари Прочитај 14 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ги надополнува коментaрите, ќе има гласање и подкоментари

Facebook тестира промени на коментарите кои ќе опфатат корисничка мрежа, гласање на коментарите и подкоментари, пишува AllFacebook објавувајќи скриншот од промените.

0 коментари Прочитај 13 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Избришаните слики на Facebook не се избришани…

Иако имате опција delete за бришење на сликите од вашиот Facebook профил, сепак тие остануваат на серверите на Facebook и по 16 месеци, пишува Ars Technica објавувајќи како доказ слики избришани од пред година ипол, а кои сепак можат да се најдат на серверите на Facebook.

2 коментари Прочитај 12 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Земјотрес, потврдија друштвените медиуми!

Релативно силен земјотрес се почувствува во Скопје и Куманово околу 22:24-5 минути, први потврдија друштвените мрежи, Facebook и Twitter уште еднаш покажувајќи ја својата способност брзо да пренесат и потврдат информации.

5 коментари Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Веб Друштвени мрежи

Сите ваши Facebook податоци.zip

"Луѓето се тие кои ги поседуваат и треба да ги контролираат сите информации кои ги внесуваат во Facebook, па така 'Download Your Information' ќе им овозможи на луѓето да ги експортираат податоците и да си ги имаат на едно место" објасни основачот на најголемата друштвена мрежа, Марк Зукерберг, на вчерашната прес конференција каде што беа најавени неколку нови проекти, меѓу кои и опцијата наречена Download Your Information која овозможува на лесен начин да ги експортирате сите ваши пораки, слики, видеа, и постови во .zip фајл.

13 коментари Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Пола Македонија е на Интернет… и на Facebook

Пола Македонија или 1.057.400 македонски корисници се на Интернет, покажува најновата, од јули 2010 год., статистика на Internet World Stats. Тоа е 51% интернет пенетрација, што е солидна споредено со другите балкански земји.

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook со промени како прегледуваме слики кои сега се со висока резолуција

Facebook ќе дозволи закачување слики со висока резолуција, односно корисниците ќе можат да објават слика со 2048 пиксели резолуција, наместо досегашните 720. Мрежата исто така ќе дозволи и закачување слики со висока резолуција, како и ќе се воведе мулти-тагирање за тагирање на лица на повеќе слики.

0 коментари Прочитај 1 октомври, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top