2 коментари 3 мин. читање 3 ноември, 2010

Sakam.mk – Facebook рекламна мрежа

САКАМ! мрежата за почеток ги опфаќа следниве профили:

  • Сакам одмор! – за понуди и искуства од летувања и зимувања…
  • Сакам нов мобилен! – профил наменет за љубителите на мобилната комуникација…
  • Сакам нова кола! – профил за авто ентузијастите…
  • Сакам добра журка! – место за сите оние кои сакаат да дознаат и споделат место за добра забава, свирка и информации за најнови случувања…
  • Сакам добро кафе! – е профил за споделување на места за убаво и ароматично кафе…
  • Сакам добра храна! – сите ние сакаме добра препорака за добар локален ресторан…
  • Сакам да патувам! – е профил наменет за патувања и за споделување информации каде се случуваат најновите концерти, шетање низ европските музеи…
  • Сакам штикли! – е профил наменет за понежниот пол каде што ќе се најдат и промовираат женски чевли, гардероба, шминка…

Целта зад САКАМ! мрежата е преку популарната друштвена мрежа Facebook, на која според официјалната статистика има над 700.000 македонци, корисниците да добијат директно информации според нивните потреби и желби.

Секој бизнис профил во САКАМ! мрежата се однесува на посебна целна група. Секој корисник заинтересиран за тие продукти ќе се приклучи на групата. Како за пример, профилот Сакам штикли! е сочинет од над 90% женска публика, со што јасно може да се увиди дека профилот е наменет за рекламирање на продукти и услуги насочени кон понежниот пол.

Сите профили во САКАМ! мрежата се брендирани и детално е објаснет начинот на кој функционираат. Секој бизнис профил во мрежата има поставено ограничен број на информации кои може да ги пласира во период од 24 часа, со што се избегнува прекумерно рекламирање или спамирање на корисниците.

Sakam.mk е бренд и “пилот проект” на IWM Network, интерактивна маркетинг агенција која исто така е и основач и сопственик на IT.com.mk.

Avatar photo
Напишано од

Дамјан Дано

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Vlatko
Vlatko
15 years ago

lol.

Бојан
Бојан
15 years ago

спамирање од сите страни

Мени
Заедница
Изглед
To top