Facebook апликации споделуваат кориснички ID со маркетинг агенции

во Друштвени мрежи

Овој пропуст во приватноста зафаќа десетици милиони корисници на Facebook апликациите, дури и оние кои ја наместиле опциите за најстрога приватност. Според Facebook дури 70 отсто од корисниците барем еднаш месечно користат апликации на мрежата.

Според условите за користење на Facebook, ниту една апликација не смее да пренесува кориснички информации до надворешни маркетинг агенции и компании кои копаат податоци. Но… интересно, сите топ 10 Facebook апликации предавале кориснички информации, вели WSJ. Тоа значи дека тука се вклучени и FarmVille кој има околу 60 милиони корисници, Texas HoldEm Poker, FrontierVille…

WSJ забележува дека апликациите се направени од други развивачи, други компании како на пример Zynga, а не Facebook, но одговорноста секако паѓа на друштвената мрежа.

„ID-то на Facebook корисникот може да се сподели преку корисничкиот интернет прелистувач или преку апликација. Знаењето за ID не дозволува пристап до нечии приватни информации на Facebook.“ велат од Facebook и додадоа дека ќе направат систем кој ќе го спречи овој пропуст, односно споделувањето на информации преку апликации. Повеќе за реакцијата од Facebook ќе најдете во овој блог пост.

Иако станува збор за јавен ID број, секој Facebook корисник си има свој уникатен број, сепак проблемот е споделувањето на тој број со маркетинг агенциите и компаниите кои собираат податоци. Ако јавно споделувате инфомации тогаш маркетинг агенциите ќе добијат еден куп податоци, дури и ако сте комплетно приватни тогаш маркетинг агенциите ќе можат да го дознаат вашето име, кои ви се пријателите и можеби вашите интереси.

Една таква компанија RapLeaf Inc. дури ги вклучила тие Facebook ID броеви во својот извештај за онлајн навики и користење кој потоа го продавала на клиенти. Нивниот одговор е изненадувачки.

„Не го правевме тоа намерно.“ изјави Џоел Џевит од RapLeaf.

Интересно, и Facebook знаел за ова. Тие рекоа дека во минатото „превзеле чекори за да ја лимитираат можноста на RapLeaf да копа Facebook податоци“.

По откривање на оваа вест, Facebook блокираше некои сомнителни апликациите, додека за другите развивачи на апликации, WSJ пишува дека се уште не е јасно колку тие знаеле дека апликациите го предаваат ID бројот бидејќи тие, апликациите, користат вообичаен Веб стандард познат како „referrer” кој помага на отворената нова страна да идентификува од каде дошло барањето.

Во секој случај, за да си ограничите кои ваши податоци може да користат апликациите, отидете на Privacy Settings -> Applications and websites (Edit your Settings) и тука ќе можете да подесите кои информации ќе ги дозволите на апликацијата која ја користите и тие информации споделени со вашите пријатели при користењето на апликацијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Невен Пејков
Невен Пејков
15 years ago

Точно така, а има ли некој кој не продава информации … ? :S

Ванчо Орданоски

Добро луѓе, ај веќе еднаш да престанеме ваквиве ескапади да ги нарекуваме „пропусти во приватноста“ и да им го дадеме вистинското име — Бизнис-план на Фејсбук.

Тоа им е намерата уште од почеток: да измолзат колку што е можно повеќе податоци и да ги продадат на колку е можно повеќе рекламни компании.

И така, кога за едно 15 години ќе се обидете да ги воспитувате сопствените деца, тие ќе ви ги најдат фотографиите од онаа лудата журка на кои јасно се гледа дека повраќате во клозетска шолја.