Избришаните слики на Facebook не се избришани…

Шеснаесетте месеци се само претпоставка на Ars Technica според тоа колку време е зачувана нивната слика. Сликата на Ars е избришана по објавувањето на текстот, но се појави нивен читател кој вели дека избришал слика во април 2009 година, а која сепак може да се најде на серверите за пренос на содржина (CDN сервер).

Официјално Facebook не кажува конкретен лимит на чување на информациите туку вели дека се чуваат „прифатлив период“ бидејќи можеби корисникот ќе си ги побара назад.

„За практични цели, ако сликата не постои, ние нема да може да ја најдеме ако ни биде побарана. Ова е слично како што се случува кога ќе избришете информација од хард дискот на вашиот компјутер.“ вели Симон Ахтен, портпаролот на Facebook за Ars, но сепак додава дека е можно:

„Некој кој имал претходно пристап до слика и го снимил директното URL од нашиот партнер за пренос на содржина да се уште да има пристап до сликата. Сепак потребно е URL-то и сликата постои само во кешот на CDN за лимитирано време. Работиме со CDN за да го намалиме времето за кое се чуваат сликите во кешот.“

Наравоучението, вели Ars Tehnica, е – Ако не сакате некој да ве уценува со компромитирачки материјал, тогаш не закачувајте компримитирачки слики.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@dejaaan
15 years ago

овоа го пробав пред околу 1 година и сликата шо ја избришав преку директниот линк се отвараше уште 4-5 дена…

види ги сите огласи на kariera.it.mk