СДСМ со Facebook видео, ВМРО со мотивациски пост

во ИТ.МК

Бројот на фановите се нивниот престиж, затоа ВМРО и СДСМ започнаа да наоѓаат различни и забавни идеи како да стигнат до повеќе привржаници. Имено, СДСМ објави видео за како Бранко Црвенковски надмина над 30.000 фанови на Facebook. ВМРО пак објави пост мотивирајќи ги корисниците да ги повикаат пријателите за да стигнат до 40.000 фанови на страната на Никола Груевски.

Политичкото ангажирањето во друштвените мрежи секако е интересно, но, џабе се илјадници привржаници кога нема интеракција. Партиите се од и за граѓаните!

Ниту на страните на г. Црвенковски, ниту на страните на г. Груевски, ниту на страните на ВМРО (18 илјади фанови) и СДСМ (15 илјади) нема комуникација со корисниците. Всушност нема ниту корисни информации. Тоа што има е тоа што се појавува на традиционалните медиуми: себе-промоција и контра-удари кон противникот.

Секако, еден проблем е што поголем дел од политичките фанови се и нивни привржаници кои постираат фалења и искажуваат поддршка, па можеби од партиите не се ни замараат да споделат корисна информација во смисла да едуцираат, информираат и да ги инволвираат граѓаните во политичката активност во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk