1 коментар 2 мин. читање 18 октомври, 2010

Привремени, за една употреба, Facebook лозинки за безбедност

Кога ќе се логирате на мрежата од туѓ или јавен компјутер, пример, од интернет кафе постои шанса да ви се запамти лозинката од прелистувачот или пак од незгодните keylogger-и. Затоа Facebook нуди интересен сервис. Пратете SMS со содржина ‘otp’ на 32665 и Facebook ќе ви прати SMS со привремена лозинка која трае само 20 минути. Привремената лозинка нема да ви ја смени вашата вообичаена лозинка. Да, пораката ќе ве чини 5 денари.

Првин што треба да направите е да го поврзете вашиот профил со вашиот мобилен телефон, односно да ги надополните безбедносните информации. Ќе добиете код за верификација, следете ги упатствата и ќе го регистрирате бројот.

Откако ќе го поврзете бројот, пратете SMS со содржина ‘otp’ на 32665 и за минута-две Facebook ќе ви прати лозинка.

*Напомена: Откако ќе го поврзете бројот Facebook ќе започне да ви праќа и SMS кога ќе има покани за пријателства, а секој SMS до 32665 со содржина ќе биде објавен како статус на вашиот Facebook ѕид. За да контролирате за кои нотификации ќе добивате SMS, отидете на Account Settings -> Notifications.

Дополнително, под Account Security ќе ја најдете опција која ги запазува сите логирања од различни компјутери. Таму исто така ќе најдете опции да добивате SMS нотификации доколку некој (или вие) се логирате на вашиот профил.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Vladimir Velkovski
15 years ago

Одлично, иако ја лично и неам потреба од вакво нешто, сепак ова е прекрасна опција.

Мени
Заедница
Изглед
To top