Google ќе ги плати последиците, вели Кина
Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.
Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.
Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации. „Потенцијалот на интернетот како отворена порта кон светот директно е контрадикторен со тенденцијата на овие режими да се изолираат себеси од останатите земји.“ пишува во извештајот.
Четири од пет луѓето ширум светот веруваат дека пристап до интернет е основно човеково право, покажа анкетата на Светкиост сервис на BBC кои прашаа околу 27.000 луѓе од 26 земји. 79 отсто, или 21.330 луѓе, велат дека интернетот им дал поголема слобода, поголемиот дел имаат позитивно мислење за интернет кој им го променил животот, додека девет од десет испитаници рекле дека е одлично место за учење.
Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам. Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал. На Мостафа ќе му се суди бидејќи го прекршил египетскиот закон кој забранува објавување на тајни информации поврзани со војската.
Google и Yahoo се придружија на независните организации, корисниците и групите хакери, со цел да ја одвратат австралиската влада од воведување филтри за цензура и блокриање пристап до сајтови за кои властите ќе ги оценат како „сајтови со недолична содржина“.
На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и за информирање на светот за настаните во земјата.
Австралиските интернет корисници ги убедија властите да го тргнат контроверзниот закон кој забранува анонимно коментирање на политички теми на интернет. Доколку австралијците сакаат да дискутираат политички теми мора да остават име и адреса или ќе бидат казнети со 1.250 австралиски долари (800 евра).
Од страв дека интернетот во Австралија ќе стане регулиран и цензуриран како во Кина, австралиските корисници започнаа бојкот со гасење на интернетот. Австралиските власти сакаат да воведат филтри за содржина на сите интернет провајдери во земјата и со тоа да ја блокираат сета незаконска содржина како детска порнографија, пиратерија, насилничка содржина... но internetblackout.com.au вели дека тие филтри нема да ги заштитат децата и дека ова е опасен преседан.
Google вели дека ќе го тргне филтерот за цензурирање од својот кинески пребарувач, откако откри информации дека во декември врз нив е извршен „високо софистициран хакерски напад“ кој дошол од Кина. Целта на нападот биле Gmail мејлови на борци за човекови права и слобода на говор. „Многу бргу стана јасно дека тоа што првин изгледаше како безбедносен инцидент, стана нешто комплетно различно.“ пишува Google на својот блог. Во постот Google избегна да ја обвини кинеската влада дека стои зад нападите.
По првичните неуспешни обиди, aвстралиските власти повторно размислуваат за воведување систем за филтрирање на вулгарната, навредувачката и криминалната содржина која се наоѓа на интернетот. Со ова Австралија ќе стане прватаа западна демоктратска земја која го цензурира интернетот, придружувајќи се на Kина и Иран.
Протестите во Иран продолжуваат. Иако се прогласени како нелегални од Ајатолах Али Кхаменеи, врховниот лидер на Иран, сепак активистите повторно излегоа на улиците и се судрија со полицијата. Има и жртви... видеото снимено со мобилен за иранската девојка Неда Солтан во моментите на умирање откако беше застрелана, е еден од најбараните термини преку друштвените мрежи. Интернетот стана алатка преку која светот дознава за деталите од протестите, додека владата на Иран се обидува да го блокира.
(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/) Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.
Кина во пресртет на 4 Јуни, ден што ја одбележува 20 годишнина од демократските протести на Тиананмен плоштадот ги блокираше најпопуларните сервиси на интернет. Flickr, Twitter, Bing - новиот пребарувач на Microsoft кој беше објавен пред 3 дена, Hotmail, ... сите се недостапни од пред 3 дена, додека Blogger.com и YouTube се недостапни за кинеските корисници од мај, односно март. Блокирани се и сајтовите на странски медиуми, претежно американски како CNN и блогот HuffingtonPost.
Според весникот Le Monde, француската влада размислува за нов закон „Loppsi 2" кој ќе овозможи државата да инсталира софтвер кој ќе ги „набљудува, збира, снима, зачувува и пренесува“ сите куцања по тастатурата на компјутерот каде тој софтвер е инсталиран, односно легализација на тројански софтвер во компјутерите.