Google се побуни против Кина откако неговите сервиси, заедно со уште десетина компании, беа хакнати од „софистициран напад“ кој беше лоциран дека потекнува од Кина. Google остро реагираше и реши да престане да цензурира содржина што е против кинеските закони со кои интернет гигантот во 2006 година се обрза да ги почитува за да започне бизнис на истокот.
И покрај спорот со хакнувањето и гневот на Google, кинеските власти се категорични кога е во прашање цензурата.
„Ние мора да ги зачуваме интересите на нашата нација, интересите на нашите луѓе, не може да бидеме релаксирани со секоја информација која може да ја наруши стабилноста на нашето општество, нашиот систем или здравјето на нашите млади.“ рече кинескиот министер за индустрија и информатичка технологија Ли Јужонг.
„Ако не ги почитувате кинеските закони и регулации… тогаш значи дека не сте пријателски, одговорни и ќе ги платите последиците.“ вели кинескиот министер и категорично додадава:
„Доколку нешто треба да се изгаси тогаш ќе биде изгасено, тоа што треба да се блокира ќе биде блокирано.“
После инцидентот Google и Kина започнаа разговори како да се води нефилтриран пребарувач кој би бил според кинеските закони.
Google држи околу 30 отсто од пазарот на интернет пребарување во Кина. Kинескиот Baidu држи над 60%.







