0
Иран го забрани Gmail
На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и за информирање на светот за настаните во земјата.