0 коментари 1 мин. читање 11 февруари, 2010

Иран го забрани Gmail

Одговорот зошто е блокиран Gmail на иранската агенција за телекомуникации e дека се спрема „национален имејл сервис“ што е чекор кон поголема цензура бидејќи целиот интернет сообраќај од 23 милиони ирански интернет корисници мора да помине низ филтрите на оваа агенција. Интересно, технологијата зад филтрите за содржина е изработена од западни компании.

Покрај блокирањето на Gmail, западните медиуми јавуваат дека мобилните телефони на иранските граѓани биле претресувани, а најмалтретирани биле тие што носат нешто зелено – боја која ги симболизираше ланските протести. На странските новинари им е наредено дека можат да снимаат само владини настани, но не смеат да интервјуираат членови на опозицијата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}