Веб 2.0 против Цензура 2.0

во Веб, Свет

Меѓу земјите непријатели на интернетот се најде и Австралија која е „набљудувана“ поради нејзините обиди да воведе филтри за содржина и да воведе закони да ја спречат онлајн анонимноста.

Според RSF следниве земји се непријатели на интернетот:

  • Бурма: двајца владини службеници се убиени бидејќи пратиле документи во странство преку имејл. Остра цензура и сите блогери се водат како непријатели на државата.
  • Кина: цензура, целата содржина е зад „Големиот Огнен Ѕид“,
    пропаганда, хакнување на Google, и форсирање на локални сајтови контролирани од властите
  • Куба: интернетот е луксуз, властите користат две мрежи, контрола на блогерите
  • Египет: интернетот се користи за мобилизација и пропаганда, огромна контрола и малтретирање на блогерите
  • Иран: рекордер во цензурирање, онлајн мониторинг. Интернет провајдерите рентаат бендвит на иранскиот Телеком кој е контролиран од власите. Сета содржина поминува низ филтрите на телекомот.
  • Северна Кореја: Во најхерметички затворената земја, поголемот дел од луѓето не се свесни дека постои интернет. Мрежата се користи од властите за ширење пропаганда во странските земји.
  • Саудиска Арабија: традицијата и блогерите се во конфликт, пропаганда која е фокусирана на себе-цензура.
  • Сирија: цензура и гонење на нетграѓаните кои се против властите.
  • Тунис: Интернетот е оценек како можна опасност за стабилноста на земјата. Цензура, филтирарање и набљудување.
  • Туркменистан: Само 1% од популацијата има интернет. Информациите се контролирани од власта.
  • Узбекистан: строга медиумска цензура, филтирање на веб содржина и закани кон критичарите.
  • Виетнам: цензура и контрола на блогерската содржина која ја критикува власта или Кина.
  • Австралија: Под маската за борба против детска порнографија власта воведува систем за филтрирање досега не виден во демократска држава.
  • Бахраин: Властите се обидуваат да воспостават контрола врз содржината.
  • Белорусија: властите планираат да воведат филтри за содржина.
  • Еритреа: брутално диктаторство кое се обидува да ги држи луѓето подалеку од мрежата.
  • Малезија: Нема цензура, но блогерите и веб новинарите се малтретирани од властите.
  • Русија: интернетот е контролиран од владина структура, провајдерите мора да инсталираат софтвер за онлајн набљудување. Има закон кој и дозволува на власта да изврши веб набљудување без налог.
  • Јужна Кореја: Иако 90% од јужно корејците имаат пристап до интернет, сепак властите се обидуваат да ја зајакнат цензурата велејќи дека законите за цензура се за борба против „лажни информации.“
  • Шри Ланка: пропаганда, цензурирање и контрола на содржина
  • Тајланд: строга контрола на текот на информациите, интернетот е политичка алатка
  • Турција: блокирање на сајтови меѓу кои и YouTube, блогерите се набљудувани
  • Обединети Арапски Емирати: и покрај висока интернет пенетрација властите воведоа систем за филтрирање, подржан од строги закони

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments