Но, не е само паролата преземена од американскиот претседател. Слично на неговата кампања, во Иран на претседателските избори масовно се користеа друштвените мрежи, главно Facebook за вклучување на младите луѓе во изборите. На профилот на секој иранец имаше „Јас гласав“ дугме со кое иранците ги потикнуваа пријателите да гласаат. Ова беше важно за Иран бидејќи сакаше да покаже на светот дека може да спроведе демократски и фер избори.
Оваа стратегија се покажа како успешна, со 85 отсто излезност на изборите, или 40 милиони иранци. Г-дин. Ахмадинеџад победи со 60 отсто од гласовите, што за неговите противници беше чудна и голема бројка.
Тоа незадоволство се претвори во жестоки судири со полицијата и протести. За да го спречат лошиот публицитет во светот од овие избори, иранската влада се обидува да ги прекине комуникациските мрежи, велат странските медиуми.
Интернетот кој помогна за изборите сега стана државен непријател. Сајтовите на медиумите и страните на Facebook, Twitter и YouTube и други популарни друштвени мрежи се скоро недостапни поради екстремно спориот интернет. Блокиран е и сервисот за СМС пораки преку мобилен, кој е популарен начин на комуникација меѓу младите иранци.
Сепак активистите и граѓанското новинарство најдоа начин како да ги рашират информациите за протестот преку Twitter, блогови, фотографии и видеа снимани од мобилен…
На блогот TehranLive.org се објавуваат фотографии од уличните протести скоро секој час.
Постојани се твита и се шират кратки информации на Twitter и на FriendFеed. Има неколку видеа и на YouTube снимани со мобилен.
Покрај TehranLive.org, фотографии од настанот можат да се најдат и на Flickr и PicasaWeb. Постојат и групи на Facebook.
Се на сé, блокадите на комуникациските алатки од страна на иранската влада се залудни. Станува јасно дека интернетот им го даде правото на секој човек преку блог или видео од мобилен да ја каже својата страна и да го информира светот за случувањата. И Кина неодамна, како и Иран сега, се обиде да го „изгаси“ интернетот и популарните сајтови, но повторно, сето тоа беше залудно.
Надополнето 17.06.2009: Twitter е потребен за протестите
Иако интернетот и други комуникациски сервиси во Иран наидуваат на владини блокади бидејќи преку нив се пренесуваат вести од протестите кои продолжуваат во Иран по контроверзниот исход од претседателските избори, според еден иранец „чекам една минута да се отвори Google“, сепак активистите и студентите најдоа начин преку прокси сервери да испраќаат вести преку Twitter.
Странските новинари се забранети да продуцираат вести од Иран освен ако немаат дозвола, така да целиот свет сега е свртен кон друштвените мрежи. YouTube е исполнет со видеа, Тwitter и Facebook со пораки, Flickr со фотографии… Земајќи го сето тоа во предвид, може да се каже дека владата на САД го користи Twitter и другите друштвени мрежи да се информира, бидејќи микроблогинг сервисот е сервис кој најбрзо го снабдува светот со извештаи за протестите.
Но доколку е точна информацијата дека САД влијаеле во одлуката Twitter да го одложи одржувањето на сервисот, тоа ќе значи мешање на САД во протестите во Иран, иако американскиот претседател Барак Обама вчера ја даде следнава изјава „Нема да се мешаме во внатрешните работи на Иран“. САД со барањето овозможуваат сервисот да им служи на активистите кои се на улицата протестирајќи и индиректно да контрира против актуелната влада на Иран која се обидува да ги блокира комуникациските алатки.
Биз Стоун, ко-основачот на Twitter, го демантираше ова.
„Важно е да се забележи дека владата на САД нема пристап до нашите одлуки. Но и тие и ние се сложуваме дека отворениот пристап и размена на информации е позитивна моќ во светот“ рече г-дин. Стоун кој потенцираше дека Twitter своеволно ја донел одлуката за одложување на одржувањето „бидејќи настаните во Иран се вржани со растечката значајност на Twitter како важна комуникациска алатка“.
Twitter беше изгасен вчера во раните утрински часови, околу 5-6 наутро во Иран, и одржувањето на сајтот траеше 1 час, по што сервисот повторно започна со кратките вести од случувањата во Иран.