0 коментари 2 мин. читање 15 декември, 2009

Австралија ќе го цензурира интернетот, повторно

Филтерот ќе биде имплементиран во 2011 година. Австралиската влада вели дека со тоа ќе се заштитат децаата од сексуално наиствло, ќе нема детска порнографија и ќе нема сајтови поврзани со криминал.
Иако во Австралија е забрането објавување на таква содржина на веб сајтовите, сепак властите велат дека филтерот е потребен за да го контролира пристапот до несакана содржина на сајтови кои се надвор од земјата.

Сите тие сајтови ќе се најдат на црната листа за која австралискиот министер за комуникација Стефан Конрол вели дека листата ќе биде „транспарентна“. Но, претходната црна листа на австралиската влада се појави на интернет откривајќи дека биле блокирани сајтови со сексуална содржина, онлајн кладилници… но и сајтови на туристички агенции, а бил блокиран и веб сајт на забар од Квинсленд.

Од другата страна, критичарите велат дека филтерот нема да ги спречи луѓето да споделуваат несакана содржина преку IRC канали, четови и преку P2P мрежите.

„Владата знае дека овој план нема да им помогне на децата, ниту ќе им помогне да го контролираат забранет материјал.“ вели Колин Џејкобс од Electronic Frontiers Australia, организација која ја застапува интеренет слободата на корисниците.

Г-дин. Џејкобс вели дека сега е интересно да се види реакцијата на интернет провајдерите кои и претходно, заедно со корисниците, се побунија на имплементирање на вакви филтри за цензурирање содржина.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top