0
Веб 2.0 против Цензура 2.0
Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации. „Потенцијалот на интернетот како отворена порта кон светот директно е контрадикторен со тенденцијата на овие режими да се изолираат себеси од останатите земји.“ пишува во извештајот.