0 коментари 2 мин. читање 20 мај, 2009

Францускиот поход против интернетот

Франција неодамна го изгласа контроверзниот „Création et Internet” закон, со кој може да се исклучуваат корисниците-пирати од интернет.

Сега сo „Loppsi 2″, закон промовиран од францускиот претседател Николас Саркози, интернет провајдерите, кои се приватни фирми, ќе мора да се вклучат во цензурирањето на интернетот, цензура која е потребна за борба против детската порнографија, како што велат француските власти.

„Loppsi 2″ ќе овозможи владина датабаза наречена „Pericles“ што ќе ги содржи сите информации за корисниците од различни франзуски датабази со што ќе се направи „супер-досие“ на корисниците. Според Le Monde таа датабаза ќе ги содржи сите важни и лични податоци. Ова е малку иронично бидејќи вистинскиот Перикле, старогрчки политичар и војсковода, е познат по воведување закони во корист на народот.

Доколку се воведе и овој закон, покрај „Création et Internet”, Франција ќе стане општеството од „1984“ на Џорџ Орвел – општество каде што секој потег на француските корисници е набљудуван од владата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}