0 коментари 2 мин. читање 3 март, 2010

Египетски блогер пред воен трибунал

http://almiraatblog.files.wordpress.com/2009/02/thoushallnotblog.jpgИнтернационалните групи за човекови права веднаш реагираат на судењето на блогерот велејќи дека во војните судови треба да се појавуваат милитанти и луѓе што се безбедносна опасност на земјата, а не блогери и студенти.

„Се чини дека египетската влада реши да започне војна против блогерите, доведувајќи до климакс со нефер војни судења.“ пишува Арабскта Мрежа за човекови права. кои објаснуваат дека кога бил уапсен Мостафа тој ја предал шифрата од својот блог на воените лица кои не го избришале неговиот пост.

„Мостафа е цивил и нема основа да му се суди пред воен суд. Овие неверојатни судски поставки се дизајнирани да го заплашат секој кој планира да ја критикува војската.“ велат Репортерите без граници, организација за промоција на слободата на говор.

Ова не е прв пат Египет да има престрог став против блогерите. Во 2007 година блогерот Абдел Карем Набил беше осуден на 4 години затвор бидејќи на својот блог го критикуваше египетскиот престедател Мубарак.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top